Самопоканети мисли: мемории кои што доаѓаат од никаде

Вие се движите по улицата како што правите секој обичен ден, кога оддеднаш ви доаѓа определена меморија од пред неколку години. Меморијата е за некоја личност која вие не сте ја сретнале со години.

Само за момент вие сте транспортирани наназад во некое определено минато време и место за кое што сте мислеле дека сте го заборавиле. Но, исто како што дошла оваа меморија оддеднаш така и таа исчезнала.

Ова искуство е наречено „самопоканета мисла“ и некогаш доаѓа едноставно само по себе, без воопшто и да мислите на некоја определена мината ситуација.

Самопоканети мисли: Мемории кои што доаѓаат од никаде

Можеби има дури и почуден тип на оваа искуство наречено „самопоканета мисла“. Ова е кога се што гледаш е збор или слика која нема никаква поврзаност со било што. Тоа е како оддеднаш да мислиш на зборот „портокол“ или да си замислиш во главата ренде за сирење. Ова изгледа чудно затоа што овие работи не се поврзани со никакво ваше минато искуство, ниту пак место или личност – мисла која нема никаква ваша автобиографтска содржина.

Не сите ги имаат овие искуства, но многумина ги доживуваат. Кога психолозите ги разгледале овие самопојавувачки мемории, тие пронашле дека луѓето просечно имаат по една таква меморија на ден.

Тие најчесто се појавувале во текот на некои рутински активности, како одење по улица, миење на забите или додека луѓето се облекувале. Тие најчесто доаѓаат кога вашето внимание не е сконцентрирано и е дифузирано.

Некои од овие мисли и мемории може да се дознае од каде потекнуваат. Еве како еден психолог објаснува:

„…додека го фрлав ѓубрето зборот „Акапулко“ се појави во моите мисли и додека немав идеја што значи и од каде доаѓа прашав еден член од моето семејство за помош. На нејзино изненадување ми кажа дека зборот Акапулко бил спомнат во една ТВ емисија пред 45 минути.“

Оваа способност да се пронајде од каде доаѓа самопоканетата мисла не е целосно изолиран случај. Кога психолозите ги надгледувале луѓето, тие пронашле дека зборови и слики кои изгледаат дека се појавуваат од никаде, не доаѓаат всушност од никаде.

Понекогаш овие мисли може да бидат асоцијација на нешто. Како на пример, да бидете потсетени дека доаѓа Божиќ и подоцна во главата да ви се појави зборот „Jingle Bells“. Или може би да биде некоја слика, на пример на песок да ви се појави додека јадете банана (Бахамите звучат како бананите).

Фактот дека многу од овие самопоканети мисли неможе да бидат лоцирани од каде доаѓаат, најверојатно е резултат на тоа колку многу од нашите процеси во мозокот се одвиваат несвесно.

Фасцинантната работа е дека многу од овие самопаканети мисли се појавиле недели или месеци после изложувањето на првобитниот настан. Ова сугерира дека зборови, слики и идеи може да лежат и седат многу долго во нашите мозоци. Некои веруваат дека овие самопоканети мисли може да бидат асоцирани со креативноста, затоа што овие рандом асоцијации може да ни помогнат да решиме некој креативен проблем.

Самопоканетите мисли се уште едно потсетување дека нашите мозоци собираат премногу информации, некои дури и непотребни за самите нас. Но, за наша среќа мозокот прави добра работа во суспензирање на овие слики и мисли, затоа што тие може да бидат навистина дистрактирачки.

Така да наредниот пат кога вие ќе имате самопоканета мисла, запомнете колку и да изгледа таа чудна, најверојатно е предизвикана од нешто што сте виделе, слушнале или помислиле пред некое време, па дури и кога нема да ви текне кога и во врска со што. Секако зошто ние ги помислуваме баш тие определено слики и мисли, а не некои други е сеуште мистерија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.