Самоубиство кај адолесценти – справување и помош

Трагедијата еден млад човек да умре поради голема безнадежност или фрустрација е катастрофална за семејството, пријателите и заедницата. Родители, браќа и сестри, соучениците, би можеле да бидат оставени прашувајќи се дали тие можеле да направат нешто за да свртат еден млад живот од самоубиство.

Причините за самоубиство на тинејџер или обид за самоубиство може да биде комплексна. Иако самоубиството е релативно ретко кај децата, стапката на самоубиства и обид за самоубиство се зголемува значително во текот на адолесценцијата. Самоубиството е трета водечка причина за смрт кај млади од 15 – до 24-годишна возраст, во согласност со Центрите за контрола на болести и превенција. Ризикот од самоубиство се зголемува драматично кога децата и тинејџерите имаат пристап до оружје во домот. Ризикот за самоубиство се зголемува и со користење разни лекови достапни  до младите.

Самоубиство кај адолесценти - справување и помош

Важно е да се следат внимателно сите лекови во вашиот дом.

Понекогаш адолесцентите се чувствуваат како да се фатени во сива зона меѓу детството и зрелоста. Секако, тоа е и време на големи можност, но адолесценцијата може да биде и период на интензивен стрес и грижи. Младите често се наоѓаат под притисок за социјално вклопување, академско и одговорно дејствување. Адолесценцијата е исто така време во кое младите стапуваат во сексуалниоте односи, време во кое минуваат низ криза на идентитетот, а нагласена и е нивната потреба за независност која често може да дојде до судир со правилата и очекувањата од другите.

Младите кои имаат психолошки проблеми – како анксиозност, депресија, биполарно растројство или несоница – се изложени на поголем ризик за самоубиствени мисли. Тинејџерите може да минуваат низ големи промени во животот (развод на родителите – родител заминува од дома, финансиски промени и слично) и исто така, оние кои се жртви на силеџиство се изложени на поголем ризик од самоубиствени мисли.

Светската здравствена организација проценува дека околу 1 милион луѓе секоја година умираат од самоубиство.

Што води толку многу поединци да си го одземат сопствениот живот? За оние кои не во костец на самоубиственa депресија и очај, тоа е тешко и комплексно да се разбере. Самоубиството е очајнички обид да се избегне од страдања и неподносливоста. Заслепени од чувството на само-омраза, безнадежност и изолација, тие лица не можат да видат друг начин на олеснување.

Предупредувачки знаци на самоубиство

Можеби многу од нас имале самоубиствени мисли во одреден момент во нашиот живот. Чувство за самоубиство не е карактерна особина и тоа не значи дека ти си луд, слаб или имаш недостатоци. Тоа само значи дека имате повеќе болка отколку што можете да се справите со неа во моментот. Оваа болка изгледа огромна во моментот. Но, со време и поддршка, можете да ги надминете своите проблеми и болката и самоубиствените мисли да се надминат.

Справување – првите чекори

Зошто се чувствувам вака?

Како да дојдам до помош ?

Начини за справување со самоубиствени мисли и чувства.

Прв чекор: Ветете дека нема да направите нешто.

Иако сте во многу голема болка во моментот, направете растојание помеѓу мислите и делата. Направи едно ветување за себе дека ќе почекаш и ќе побараш помош. Мислите и делата се две различни нешта- самоубиствените мисли не треба да станат реалност. Таму нема краен рок, никој не врши притисок да се делува на овие мисли веднаш.

Втор чекор: Избегнувајте дрога и алкохол

Самоубиствените мисли можат да станат уште посилни ако сте под дејство на дрога или алкохол. Важно е да не ги користите лековите без рецепти или да конзумирате алкохол кога се чувствувате безнадежно или кога се јавуваат мисли за самоубиство.

Трет чекор: Зголемете ја безбедноста во домот

Отстранете работи што можете да ги користите за да се повредите, а доколку не сте во состојба да го сторите тоа, одете до местото каде што можете да се чувствувате безбедно.

Четврт чекор: Не губете надеж

Луѓето  кои имаат надеж, успеваат да ги надминат овие чувства. Секогаш постои шанса за живот, без разлика на само-омразата, безнадежноста или потребата за изолација со која во моментот се соочувате. Само дајте си го времето кое ви е потребно и не се обидувајте да бидете сами.

Петти чекор: Не ги задржувајте во себе самоубиствените мисли и чувства

Многумина од нас покажале дека првиот чекор за справување со самоубиствени мисли и чувства е да ги споделите со некого во кого имате доверба. Тоа може да биде пријател, терапевт, член на семејството, учител, семеен лекар, психолог или советник на СОС линија за помош. Најдете некому кому му верувате. Не дозволувајте стравот, срамот, да ве спречи да побарате помош. Зборуваме за тоа како ќе морате во овој момент во вашиот живот да се ослободите од многу притисоци.

Дури и ако тоа не чувствувате во моментот, постојат многу луѓе кои сакаат да ви помогнат во овој тежок период. Луѓе кои нема да се обидат да се расправаат со вас да ви објаснат како мизерно го живеете својот живот, кои нема да кажат “прибери се”. Луѓе кои нема да судат. Тие едноставно ќе ве ислушаат и ќе бидат таму за вас.

Самоубиство кај адолесценти - справување и помош

Разговарајте со друга личност ако сте загрижени за неа

Можеби ќе се прашувате дали е добра идеја да се каже некому нешто. Се наметнуваат прашањата: Што ако згрешам? Што ако личноста се налути? Во таква ситуација ќе бидам? Природно е да чувствувате непријатност или да се плашите. Но, секој човек кој зборува за самоубиство, или покажува други предупредувачки знаци, треба итно да му се пружи помош, и тоа колку порано, толку подобро.

Како да започнете разговор за самоубиство со личност која сметате дека има тенденција за самоубиство:

  • Чувствувам загриженост за вас во последно време…
  • Неодамна, забележав промени кај вас и се прашував како сте…
  • Сакав да проверам дали е се во ред со вас, затоа што не се чувствувавте добро во последно време…

Она што може да се каже и може да помогне:

  • Вие не сте сами во ова. Јас сум тука за вас…
  • Можеби не верувате сега, но начинот на кој се чувствувате може да се промени.
  • Јас не можам да разберам како точно што се чувствувате, но се грижам за вас и сакам да помогнам…
  • Кога ќе сакаат да се откажат, кажете: издржете само уште еден ден, час, минута… и дајте надеж дека животот е еден и дека не ни можеме да поверуваме колку може да се смени во една цела минута и да се внесе радост и различност.

Ако детето или адолесцентот вели: сакам да се убијам; или ќе извршам самоубиство; секогаш тоа треба да се сфати сериозно и веднаш да се побара помош од искусен професионалец за ментално здравје. Луѓето често се чувствуваат непријатно кога разговараат за смртта. Родителот никако не смее да размислува дека детето поминува низ една фаза која ќе помине. Разговорот ќе обезбеди сигурност на младите дека некој се грижи и ќе им даде шанса да разговараат за проблемите.

Со поддршка од семејството и соодветен третман, адолесцентите или децата може да се лекуваат и да се вратат на патот на здравјето и развојот.

 

Автор: Мартин Тасевски




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.