Скенирањето на мозокот покажува зашто еден од шест луѓе во зима е тажен

Научниците откриле дека луѓето кои имаат сезонско нарушување (SAD) покажуваат значителни разлики во начинот на кој серотонинот се регулира во мозокот.

Се верува дека серототнинот има влијание врз нашето расположение и како тоа се менува.

Скенирањето на мозокот покажува зашто еден од шест луѓе во зима е тажен

Истражувачите од Универзитетот од Копенхаген го скенирале мозокот на 34 луѓе користејќи позиционирачка емисија од томограф (PET) во зимските месеци и во летните месеци.

Единаесет од испитаниците имале SAD, а 23 од нив немале ваков проблем.

Резултатот кој бил прикажан на нервопсихиатриската конференција покажал значителни разлики во нивото на протеинот кој го транспортира серотонинот.

Нивоата на протеин биле околу 5% повисоки кај луѓето со SAD, кој што водело кон пониско ниво на серотонин во зима.

Водечкиот автор на студијата Brenda Mc Mahon, објаснува:

„Ние мислиме дека сме го пронашле бројот кој мозокот го врти кога сака да го регурила нивото на серотонин кога се менуваат годишните сезони.

Транспортерот на сератонин (SERT) го носи серотонинот назад кон нервните ќелии каде што не е активен, така што колку е повисок SERT толку е помала и активноста на серотонинот.

Сончевата светлина го држи SERT на многу ниско ниво, но кога ноќите стануваат подолги за време на есента, нивото на SERT се зголемува резултирајќи со намалување на нивоата на серотонин.

Многу индивидуи не се афектирани од SAD и ние пронајдовме дека овие луѓе немаат покачување во SERT активноста, така што нивните нивоа на серотонин остануваат високи во текот на целата зима.“

Сезонското пореметување е почуствувано кај еден од шест луѓе во северните предели на светот, каде што и зимата е многу поостра.

Во САД на пример во сончевата Флорида овој број кај луѓето се движи околу 1.4%, додека во помалку сончевиот Њу Хемшир се движи околу  9.7%.

Специфичните симтоми вклучуваат чуство на намалување на енергија, повеќе поспаност, гадење и понекогаш чуство на депресија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.