Секое трето дете е жртва на сајбер булинг

Две третини од децата користат интернет без родителски надзор, а сè повеќе се популарни апликациите за запознавање. Секое четврто дете сведочи за онлајн насилство.

Четири од десет деца биле сведоци на насилство преку интернет, утврдила студија на британска фирма за интернет сигурност – McAfee спроведена на 2000 деца и 2000 родители. Секое трето дете на возраст од 11 до 17 години, пак и самото било жртва на сајбер булинг. Во Велика Британија, таа бројка во само година дена дупло се зголемила.

Децата освен друштвените мрежи сè почесто ги користат и апликациите за запознавање, а две третини од нив можат да го користат интернетот без родителски надзор. Апликациите кои најчесто бараат локација и потоа ги поврзуваат заинтересираните со оние кои им се најблиску се повеќе популарни кај девојчињата отколку кај момчињата.

И покрај можната опасност, третина од родителите не се плашат дека баш нивното дете може да биде злоупотребувано. Три четвртини од родителите разговарале со децата за сигурноста на интернетот, потврдило истражувањето.

Иако е добро што родителите разговараат со децата за можните опасности на интернетот, фактот е дека ни самите не се во потполност сигурни какви сè замки крие интернетот. Важно е тоа да се подигне на ново ниво и да се едуцираат двете страни – истакнува професорот Andy Phippen од британскиот универзитет Plymouth.



Психолог, Семеен и системски советник. Лиценциран од Комора на психолози на РМ. Претседател и основач на Здружение Психоинтегра. Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *