Сексот без емоционална вредност штетен колку и храната без нутритивна вредност

Сексот без емоционална поврзаност е како брзата храна, која е примамлива, но дефинитивно не е добра за постојан режим на исхрана.

Брзата храна упатува на нешто што има слаб квалитет. Во таа насока, дали можеме да зборуваме и за неквалитетен секс на начин како и за неквалитетната исхрана?

Сексот без емоционална вредност штетен како и храната без нутритивна вредност

Општите тврдења за брзата–неквалитетна храна се дека:

  • Има слаба нутритивна вредност;
  • Богата е со празни калории, масти и шеќери;
  • Многу видови храна се сметаат за здави или нездрави во зависност од состојките и начинот на подготовка;
  • Може лесно да предизвика зависност.

Од друга страна, нутритивната вредност е вредност која придонесува за здравјето на луѓето, додека брзата храна малку придонесува за нашето здравје. Во брзата храна има состојки кои се потребни на организмот, но проблемот е што се многу малку застапени и се подготвува на нездрав начин. Бидејќи брзата храна предизвикува зависност, преголемото конзумирање штети на здравјето на личноста и може да доведе и до посериозни нарушувања на здравјето.

Во споредбата на брзата храна со сексот без емоции, интимноста е оној дел кој се смета за „хранлива вредност“, каде личната добросотојба е аналогија за целокупното здравје. Интимноста вклучува чувства на блискост и припаѓање, кои се од витално значење за здравиот секс. Инстантната сатисфакција е дел од брзата храна и „неквалитетниот “ секс, а временската димензија и квалитетот не се од значење.

Карактеристично за „неквалитетниот“ секс е и насоченоста само кон личната сатисфакција, додека кај здравиот секс насоченоста е главно кон другата личност. Затоа нездравиот секс завршува кога личноста е сексуално задоволена. Здравата интимна сексуалност не завршува заедно со сексуалната сатисфакција туку вклучува и гушкање, разговор или едноставно само да се биде еден до друг. Некои луѓе (повеќето жени) тврдат дека ова е најубавиот дел од интимниот секс. Без интимност „неквалитетниот“ секс нема романтична вредност и освен што не придонесува во врската, може и да го намали нејзиниот квалитет.

Како и за брзата храна, постојат општи тврдења за сексот без интимна блискост. Тие се:

  • Има мала романтична вредност;
  • Се заснова на интензивни страсти;
  • Многу сексуални активности ќе се сместат во категорија на здрав интимен секс или „неквалитетен“ секс во зависност од начинот на кои се применуваат;
  • Карактеристиките на сексот без интимна поврзаност, присутни во одреден степен во романтична врска, генерално не и наштетуваат на врската кога тоа е добро балансирано;
  • Може лесно да предизвика зависност.

Емоционалната вредност е елементот кој е од главна вредност во романтичните врски. Проблемот на „неквалитетниот“ секс е всушност слабата присутност (недостаток) на карактеристиките на сексот во врската која се базира на интимност и емоционална поврзаност. Иако во одредена мера не и наштетува на емоционалната врска, сведувањето на сексот, на секс без никаква емоционална поврзаност, наштетува на долготрајноста на врската.

Здрав живот и здрава романтична врска

Здравата сексуална активност е значаен елемент за исполнувачки, здрав живот. Да живееш здраво, не значи само да се храниш здраво. Исто така, здравиот живот значи и какви гени носиме и какво воспитание сме добиле. Натамошни фактори за здрав живот се нивото на стрес, внес на алкохол, дали сме пушачи, дали држиме диета, социјална активност… Така, концептот на здравје е доста комплексен бидејќи вклучува многу фактори. Некои од факторите се во наша контрола, некои не се, а некои пак се делумно во наша контрола.

Сепак, иако концептот за здравје вклучува и амбивалентност и могубројни фактори, се чини дека два од факторите се негово најголемо мерило. Тоа се долговечноста и добросостојбата (среќата). Постојат елементи на здравјето чие отсуство или низок степен, може да биде деструктивно, додека други елементи можат да бидат компензирани.

Како и здравото живеење, здравата романтичната врска е сложена и мултифакторијална. Некои од главните фактори кои ги вклучува се пријателство, сексуална желба, грижа и реципроцитет. Како и за здравјето како концепт, можеме да кажеме дека постојат две главни мерила за здравата романтична врска: долготрајност и добросостојба. „Неквалитетниот“ секс слабо ги содржи овие битни елементи. Нездравиот-неквалитетен секс нуди површно искуство кое вообичаено не допринесува за нашата добросотојба. Уште повеќе, кога личноста станува зависна од ваквиот секс, истиот има многу штетно влијание врз неа. Површните активности како сексот без интимна близина, имаат ограничено влијание: влијаат само на површината на нашите животи, а нивото штетно влијание станува поголемо кога постојано се впуштаме во нив.

Страста и возбудата се смета дека се карактеритики на сексот без емоционана инволвираност, сепак психолозите кои ја истражуваат оваа област од човековото живеење сметаат дека толку посакуваните: возбуда, заведување, флерт, љубов, сексуално блаженство, фантазија, игри, ризик, опасност, авантура, истражување, повторно откривање на светот, пријателство, сочувство, израз на индивидуалност… сето тоа се карактеристики кои многу повеќе се дел од романтичните врски, отколку  од сексот без интимна поврзаност.

Љубовта вклучува многу повеќе од секс, а сексот без „грам“ љубов, или некаква емоционална поврзаност е често штетен и може да предизвика зависност (давајќи одредено задоволство, но поради празнината која ја носи, личноста постојано се навраќа на ваквиот секс за да ја пополни празнината. Колку повеќе се оддава на површен секс, толку повеќе се зголемува празнината, колку повеќе пак се зголемува празнината личноста уште повеќе посегнува по површниот секс, но како во еден круг, без да се исполни вистински таа празнина – која всушност е емоционална празнина).

Ова не значи дека елементите на површниот, неемоционален секс и во најмала мера, се катастрофични за романтичната врска. Туку значи дека аспектите на интимност, емоционална близина со партнерот се всушност она што ја сочинува здравата сексуалност.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.