Сексуални фобии: Страв од девица, гениталии…

Помеѓу бизарните сексуални фобии се сексуалната клаустрофобија или страв од секс во затворен простор, партенофобија или страв од девица, гимнофобија или страв од голо тело.

Сексуални фобии

  • Медомалакуфобија – страв од губење на ерекцијата. Може да предизвика зголемено потење, мачнина, треперење на телото, напад на паника, забрзување на работењето на срцето, губење на здив.
  • Гимнофобија – ирационален страв од голо тело. Кај луѓето кои патат од овој проблем стравот го предизвикуваат другите голи луѓе, но се плашат и од сопствената голотија.
  • Еротофобија или колопофобија – страв од женски гениталии. Може да ја предизвика фотографија на половиот орган.
  • Филемафобија – страв од бакнување. Оваа фобија може да биде последица од некоја траума или страв од лошиот здив или страв да не се пренесат бактерии.
  • Еротофобија – страв предизвикан од разговорот во врска со сексот. Луѓето кои патат од овој проблем не сакаат да разговараат, дури и не сакаат да читаат било што поврзано со сексот, поради што често и боледуваат од сексуално преносливи болести.
  • Малаксофобија – страв од предигра и интимност. Луѓето кои патат од оваа фобија не поднесуваат милување.
  • Сексуална клаустрофобија – страв од секс во затворен простор.
  • Онеирогмофобија – страв од „влажни соништа“. Тој ирационен страв може да биде толку силен кај некои луѓе што едноставно не сакаат да заспијат.
  • Медортофобија – страв од пенисот кога има ерекција.
  • Партенофобија – страв од девица. Мажите кои патат од овој проблем дури се плашат и да бидат во близина на сексуално неискусни жени.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.