Семејната динамика и нашите улоги

Семејната динамика се обрасците и интеракциите кои ги имаме со различен член на семејството. Секое семејство има уникатен амбиент на динамика кој влијае на нашиот развој, идеи и начини на однесување кое е во интеракција со останатите.

Зборот семејство има многубројно значење. Претставува многу различни нешта и во него има широк спектар на чувства, мисли и идеи. Дури и онаму каде има послаб контакт со семејството, ние сме под влијание на динамиката која сме ја искусиле во почетокот на нашите животи. Нашата семејна динамика влијае на тоа како се гледаме себеси во подоцнежниот живот, влијае на нашите врски, начинот на интеракција со светот, како и нашата благосостојба. Како и да е, и ние влијаеме во дефинирање на семејството, постојат инхерентни комплексни чувства во рамките на односите во нашиот семеен круг.

Семејната динамика и нашите улоги

Теоријата на семејни системи, проблемите ги согледува циркуларно, користејќи го она што се опишува како системска перспектива. Значењето вели дека настанот и проблемот постојат во контекст на врската, каде двајцата си влијаат меѓусебно. Семејната системска теорија има за цел да ги испита овие обрасци на интеракции, и да погледне зошто настаните се случуваат, наместо зошто тие се случиле.

Семејната системска теорија ја разгледува природата на односите како двонасочни, и се одалечува од барање на вината кај едно лице туку се насочува во динамиката на врската. Исклучок на оваа теорија е во рамките на насилните врски каде одговорноста лежи во сторителот на злоупотребата.

Влијанието на семејната динамика варира од семејство до семејство, и ги вклучува како претходните така и сегашните генерации. Социо-економските фактори, класата, културата и географската локација, исто така, играат клучна улога во тоа како се формира, одржува и распарчува семејната динамика. Некои од факторите кои можат да влијаат на семејната динамика се: родителската врска; отсуство на родител; различни семејни членови кои живеат под еден покрив; надворешни настани кои влијаат на семејството (болест, траума, смрт, невработеност..); динамиката на претходните генерации; број на деца во семејството итн.

Во динамиката на семејството, сите ние имаме различни улоги и функции. До овие различни улоги може да се дојде врз основа на тоа како се одвива семејната динамика, или како резултат на наши индивидуални избори и идентитет. Начинот на кој избираме да комуницираме, и ликовите кои понекогаш ги играме може да биде свесен избор, но често, тоа се случува и несвесно.

Нашите семејни системи се уникатни, фрагилни и флуидни. Разбирањето на нашата позиција, не само во рамки на нашиот систем, туку и во рамките на пошироката заедница, може да ни овозможи подлабок и збогатен видик кон нашите интеракции со другите, како и начинот на кој се гледаме и се однесуваме кон себеси.



Психолог, едукант на семејна и системска психотерапија.
Лиценциран од Комора на психолози на РМ.
Претседател и основач на Здружение Психоинтегра.
Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *