Семинар на тема: душевни и невротски растројства

Почитувани,

Здружението за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА Скопје, организира семинар на тема Душевни и невротски растројства:

* Душевни растројства (етиологија, дијагностика и третман)

* Невротски растројства (анксиозност и анксиозни растројства)

Светската здравствена организација предупредува дека до 2020 година се очекува процентот на менталните заболувања да се зголеми за 50 отсто. Ваквиот тренд, за жал се очекува да ја следи и нашата земја.

Целта на семинарот е да се презентираат и приближат подетално досегашните научни сознанија за ваквите состојби, како и да се даде можност за дискусија и добивање одговор на прашањата на сите оние кои се професионално или лично заинтересирани за овие значајни теми од аспект на човековото ментално здравје и живеење.

*Времетраењето на семинарот е 3 часа.

Предавач:

Д-р Милка Бошковска – спец.невропсихијатар

Семинарот ќе се одржи на ден 15.11.2015 година со почеток во 16:00 часот во салата на „Бизнис Конфедерација на Македонија“ на ул.Васил Ѓоргов бр.11, Скопје.

На семинарот можат да земат учество сите студенти или дипломирани психолози, дипломирани од областа на општествени и хуманистички науки, вработени во институции засегнати од оваа тема, како и сите оние кои се заинтересирани.

Пријавувањата за учество во семинарот можете да ги извршите најдоцна до 10.11.2015 година на e-mail: psihointegra@psihointegra.org

(Бројот на места е ограничен)

Контакт тел: 077 909 732

*На сите присутни ќе им биде доделен сертификат за учество во семинарот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.