Што чувствуваат луѓето со алцхајмерова болест откако нивната меморија ќе исчезне

Додека луѓето со алцхајмеровата болест можеби не можат да се сетат дали нивните блиски ги посетиле или не, сепак тоа остава длабок ефект на тоа како се чуствуваат, тврди една нова студија.

Студијата била направена на тој начин што им биле покажани среќни и тажни видео клипови од околу 20 минути на луѓе кои имаат алцхајмерова болест и на здрави луѓе.

Што луѓето со алцхајмеровата болест чуствуваат откако нивната меморија ќе исчезне

Пет минути по гледањето на видео клиповите на испитаниците им бил даден тест за меморија со цел да видат дали ќе се сетат на видеото што го гледале.

Како што би се очекувало луѓето со алцхајмерова болест, запомниле многу помалку во врска со видеото што го гледале во споредба со здравите луѓе.

Всушност 4 од 17 луѓе со алцхајмер не успеале да запомнат ништо од видеото што го гледале, доколку еден од нив не запомнил и дека гледал воопшто било какво видео и покрај тоа што поминале само пет минути.

Но и покрај тоа што не запомниле што има во видеата, тие биле среќни (или тажни, во зависно од видеото што го гледале) околу 30 минути по гледањето.

Изненадувачки, кога луѓето со алцхајмер запомнувале помалку од видеото што го гледале, нивните чувства на тага траеле подолго.

Edmarie Guzman-Velez, водечкиот автор на студијата, вели:

„Ова потврдува дека емоционалниот живот на луѓето со Алцхајмерова болест е жив и одличен.“

Исто така ова ја потенцира важноста од генерирање на позитивни емоции кога се посетува човек со алцхајмер.

Guzman-Velez продолжува:

„Нашите наоди сугерираат дека оние кои што се грижат за луѓето со алцхајмер треба да им покажат преку нивните постапки дека навистина се грижат за нив.

Почестите посети и социалните интеракции, вежби, музика, играње, шали, и сервирање на нивната омилена храна се наједноставните работи кои што може да имаат трајно влијание на квалитетот на живот кај овие луѓе.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.