Што е AБA метода и зошто е толку ефикасна?

АBA (applied behavioral analysis / применета бихејвиорална анализа) е применета научна гранка која го изучува однесувањето. Ставањето акцент на „применета“ значи фокусирање на социјално значајните однесувања, односно оние однесувања кои се битно поврзани со квалитетот на живеење.

Со други зборови, АБА е наука за постапување и спроведување на интервенции базирани на принципот на теорија на учење за да се подобри општествено битните однесувања и да се создадат општествено корисни модели на однесување, а со тоа и да се намалат проблематичните.

Едно од главните обележја на АБA методата е тоа што претставува една од најцврсто научно докажаните пракси и методи за ефективно и добро учење. АБА е примарниот третман препорачан од Американската академија за педијатрија.

За кого е наменета оваа терапија?

АБА терапијата е особено корисна и ефикасна во работа со децата со первазивни развојни нарушувања, Aутизам, АДХД и Аспергер синдром, но оваа метода не е развиена само за работа со деца со развојни отстапки. Кога се применуваат соодветно, принципите на ABA терапијата можат да го извлечат максималниот потенцијал на детето со типичен развој или отстапки во развојот или пак на возрасно лице и нуди силна поддршка во секојдневните активности и социјалниот живот.

Како се одвива третманот?

По точната определба на дијагнозата на лицето (доколку има) се прави бихејвиорална опсервација (какво е однесување на детето, со кои вештини и способности располага или има потенцијал да се воспостават: социјални когнитивни, моторички, грижа за себе итн.; дали пројавува непосакувани однесувања, како на пример автодеструктивност и/или агресија кон околината и сл.) со цел  да се постават цели и интервенции прилагодени индивидуално, соодветни на потребите и потенцијалите на индивидуата. Со оваа форма на терапија најдобро е да се започне веднаш по добиениот дијагноза или со две и пол години возраст. Со АБА интервенциите пред третата година, се постигнува 70 % успешност во постигнувањето на целите.

Неизоставен дел пред почетокот на интервенциите е истражување на сето она што детето сака да прави за подоцна да се употреби и како мотиватор (засилувач) во процесот на учење. На систематичен начин се истражува што детето преферира: играчки, музика, балони од сапуница, видео игри, читање, сложувалки, храна, пијалоци… било што, што го привлекува и со што сака да помине време, а е соодветно на возраста и интересите на лицето. Пред започнувањето со третманот, во првите сеанси, се случува и фазата на „спарување“ (pairing). Тука, терапевтот гради однос со клиентот низ игра, забава и преферирани активности, така што со детето се воспоставаува врска на доверба и позитивна асоцијација за лицето со кое ќе работи (тоа може да биде професионалец или пак родителот кој претходно е обучен за работа според АБА метода).

Откако ќе се определат мотиваторите, направи „спарувањето“, се постават целите и определат интервенциите идивидуалено прилагодени, се работи систематски на правење промена во однесувањето или учење одредени вештини и знаења. Тоа може да изгледаат вака:

Понатаму, учењето може да се одвива и во природна средина и една од целите е да се прави трансфер на наученото во повеќе различни средини, а не да останат точните одговори на работната маса.

Пример за рани интервенции во природна средина, три годишно дете прозборува за прв пат:

Интервенциите на почетокот, зависно од тежината на случајот, можат да бидат фрустрирачки како за детето, така за и родителот, но тоа е само привремено, а на подолга патека, преку конзистентност и истрајност, се доаѓа до извонредни резултати. Тоа е така бидејќи детето секогаш го користи најлесниот начин за да искомуницира за својата потреба. Ако тоа е преку агресија, тогаш тоа и го применува, особено ако веднаш по агресиван излив, вообичаено родителите му ја задоволувале потребата (на пример плаче и удира затоа што сака колаче или телефон, а веднаш потоа и добива. Од страна на детето ова се перципира како награда во смисла – „ова е начиност преку кој доаѓам до тоа што го сакам“). На овој начин, се воспоставува еден неефикасен начин на комуникација. Колку е тоа поцврсто утврдено претхдно, толку повеќе труд и анагажман е потребен потоа за да се „угасне“ ваква воспоспоставената комунијација и да се замени со нова и покорисна.

На почетокот на интервенциите често негативното однесување може значајно да се зголеми, за подоцна со доследноста во употребата на интервенциите тоа нагло да спласне, сè до исчезчување и деструктивното однесување биде заменето со конструктивно и полезно.  АБА интервенциите му помагаат на детето полесно да искомуницира за своите потреби, на начин кој е посоодветен, полесен и покорисен и за него и за околината.

Придобивки од АБА терапија

Бројни студи покажаа дека техники на АБА можат значително да ја подобрат комуникацијата, социјалните односи, играњето, самопочитувањето, училиштето и вработувањето. Овие студии вклучуваат возрасни групи кои се движат од деца на предучилишна возраст до возрасни. Резултатите за сите возрасни групи покажуваат дека АБА го зголемило учеството во активностите на семејството и заедницата.

Во однос на Аутизмот, AБА интервенциите се научно докажани како најефикасни за развојот на широк спектар на вештини и за намалувањето на несоодветни и ризични типови однесувања, со што им помага на децата да го развијат својот максимален потенцијал. АБА е примарниот третман препорачан од Американската академија за педијатрија.

 



Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *