Што е булинг?

Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ги следи децата во домот преку интернет мрежите. Иако најголемиот дел се случува во училишната зграда, голем дел се случува и надвор од неа, после часовите и секако преку интернет, на социјалните мрежи. Едно американско истражување вели дека дури над 20% од учениците од петто оделение па сè до средношколските денови, биле жртви на булинг. Тоа е загрижувачка бројка поради психичките последици кои остануваат кај детето.

Постојат три типа на булинг:

  • Вербален булинг со користење навреди, закани, и злобни и непристојни коментари.
  • Социјален булинг, повредување на нечија репутација и однос со останатите врсници, со ширење лаги и наговарање на друштвото да отфрлат некого.
  • Физичкиот булинг го инволвира физичкото насилство.

 

Овој неколку минутен филм за стопирање на булингот ги поттикнува децата да дадат поддршка и надеж на врсниците кои се малтретирани од соучениците. Да го пријават секој настан на булинг за да не станат дел од играта на насилниците.

Секоја форма на насилство треба да се пријави кај наставниците, психологот, директорот… Секој училишен психолог е должен да изнајде решение за проблемот, да му помогне на детето кое го доживеало булингот и да ги подготви неговите родители како да се справат со стресната ситуација во која се наоѓа детето. Секако и разговор со детето-насилник и неговите родители за да се дознае причината за неговото однесување и да му се понуди помош. Никако не смее да се затворат очи пред ваквиот настан со префрлање на вината помеѓу персоналот на училиштето. Работната обврска на секој наставник и психолог во училиштата е да помогнат на секое дете, кое поголемиот дел од неговиот ден го поминува во тоа училиште.



Психолог, Семеен и системски советник. Лиценциран од Комора на психолози на РМ. Претседател и основач на Здружение Психоинтегра. Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *