Што е љубовта, а што не е?

Љубовта е сила на природата. Колку и да сакаме, ние не можеме да и командуваме, бараме или пак да ја одземеме. Исто како што не можеме да и командуваме на месечината и на ѕвездите, ниту пак на ветрот и дождот. Ние можеби имаме определени инструменти да го менуваме времето, но тоа го правиме со ризик да го нарушиме целиот екосистем кој и не го разбираме целосно. Слично на тоа ние можеме да стимулираме привлечност и да започнеме лажно додворување, но резултатот е поверејатно да биде само некој занес или само двајца кои танцуваат заедно, отколку вистинска љубов.

Што е љубовта, а што не е?

Љубовта е многу поголема од самите нас. Вие можете да ја повикате љубовта, но не можете да и диктирате како, кога и каде таа ќе се изрази самата себе си. Вие можете да изберете да се предадете на љубовта или не, но на крајот таа удира како молња, непредвидено и неодбивно. Вие дури може и да се најдете во ситуација да сакате некои луѓе кои што не ги поднесувате толку многу. Љубовта не доаѓа со услови, одредби, дополнувања и кодови. Како Сонцето љубовта зрачи самостојно, независно од нашите стравови и желби.

Љубовта е бесплатна и слободна. Не може да се купи, продаде или затвори. Вие не можете да натерате некој да ве сака, ниту пак можете да го спречите да ве сака, за било која сума на пари. Љубовта не може да се затвори ниту пак да подлежи на закони. Љубовта не е супстанца, ниту средство, ниту пак има некоја продажна вредност. Љубовта нема територија, нема граници, ниту пак квантифицирана маса на енергија која што може да излезе од неа како краен резултат.

Вие може да купите секс, па дури и брак. Бракот е прашање на законот, на судовите и има права на сопственост. Во минатото цената на бракот била мираз, а во моментот алиментацијата и предбрачните договори, прават да бракот биде само чист договор.

Сексуалните стимуланси и задоволства без разлика дали се само предизвикани со рацете, устата, определени предмети, некоја фантазија или само едноставен сексуален однос со сигурност може да се купат и продадат. Без разлика дали сексот може да се продаде, кое само по себе си е посебно прашање, љубовта од друга страна сама по себе не може да биде предмет на продажба.

Вие можете да купите лојалност, дружба, внимание, па можеби и нечие сочувство, но љубовта сама по себе не може да се купи. Оргазмот може да се купи, но љубовта не. Таа доаѓа или не случајно, по своја сопствена желба и во свое сопствено време, таа преставува субјект кој не може да биде планиран од страна на човекот.

Љубовта не може да биде како награда. Не може да биде ниту како казна. Само нешто што се преправа дека е љубов може да се искористи како замка за привлекување, како измама, како сценарио за да се добие нешто, но вистинската работа никогаш не може да биде злонамерна ако доаѓа од срцето.

Што е љубовта, а што не е?

Ова не значи дека љубовта дозволува деструктивни и нападни однесувања да поминат туку така. Љубовта зборува за правдина и протестира кога некоја неправда е направена. Љубовта потенцира за последиците од повредувањето на другата страна или другите. Љубовта дозволува место за лутина, тагување или болка. Љубовта не вели дирекно или индирекно: „Ако си лошо момче, мама нема да те сака повеќе“. Љубовта не вели: „Ако сакаш да си сакан треба да бидеш добар или да правиш тоа што јас го барам, или да не сакаш никој друг или да ми ветиш дека никогаш нема да ме оставиш“.

Љубовта се грижи за тоа што ќе стане од тебе, затоа што љубовта знае дека сите ние сме поврзани. Љубовта знае дека „другиот“ е исто така индивидуа. Ова е вистинската природа на љубовта и љубовта сама по себе неможе да биде манипулирана или воздржана. Љубовта го почитува суверенитетот на секоја индивидуа. Љубовта сама по себе си е закон.




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *