Што подразбираме под ментално здравје?

Одговорот на ова значајно прашање за нас, може да го најдете во ставките дадени подолу кои се предложени во релевантната психолошката литература во однос на оваа тема.

Што се подразбира под ментално здравје?

  • Способност да се употребуваат талентите, способностите и енергијата ефикасно и продуктивно.
  • Уживање во предизвиците – вклучувајќи задоволство во постигнување на работи.
  • Способност за одржување значајна љубовна врска која ја карактеризира блискост и грижа.
  • Пронаоѓање смисла во припадност и придонесување во поголема заедница (на пример, организација, црква, населба).
  • Пронаоѓање смисла и задоволство во водењето, менторирањето или грижењето за други луѓе.
  • Емпатичност – чувствителност и одговарање на потребите и чувствата на други луѓе.
  • Способност за асертивност на ефективен и соодветен начин кога е потребно.
  • Ценење и возвраќање на хумор.
  • Способност за сослушување информации кои се емоционално загрозувачки (претставуаат предизвик за одржуваните верувања, перцепците и само-перепцијата) и можност да се  придобие од истото.
  • Допир со болни искуства од минатото во кои се пронашло значење и поттикнале личен развој.
  • Артикулирање, умеење за вербално самоизразување.
  • Водење на активен и задоволувачки сексуален живот.
  • Чувство на пријатност во социјални ситуации.
  • Генерално пронаоѓање задоволство и среќа во животните активности.
  • Тенденција за соодветно изразување на доживувањата во однос на ситуациите.
  • Способност да се препознаат алтернативни ставови, дури и за прашања кои предизвикуваат силни чувства.
  • Поставување морални и етички стандарди и придржување до нив.
  • Креативност – способност да се гледа на работите и проблемите на поинаков и нов начин.
  • Насоченост кон одговорност и совесност.
  • Насоченост кон енергичност и дружење.
  • Психолошка проникливост: разбирање на себе си и другите на начин кој е суптилен и комплексен.
  • Пронаоѓање значење и задоволство во остварувањето на долгорочни цели и амбиции.
  • Воспоставување блиски и трајни пријателства кои ги карактеризира земна поддршка и споделување искуства.

Дефиниција за ментално здравје: Ставки од процедурата за оценување на Shedler–Westen  (SWAP-200; Shedler & Westen, 2007)



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.