Што покажуваат резултатите од испитување на ефикасноста на психотерапијата?

Во 1952 година Eysenck објавил статија во која произнесува дека 44% од пациентите кои биле во психоаналитички третман искусиле подобрување како и 64% од пациентите кои биле на третманот со еклектичен пристап, додека кај 72% од пациентите се идентификувани како спонтани ремисии. Заклучокот бил јасен: Психотерапијата не ни е потребна, дури може да биде и штетна. Поединците кои биле препуштени сами на себе, без стручна помош, искусиле најголемо подобрување. За среќа, ревизијата на Ејнзенковите истражувања која ја спровеле Luborsky, Rosenzeig и Bergin упатува на тоа дека тој го потценил успехот на терапијата, а ги преценил размерите на спонтаните ремисии, така да денес на неговото достигнување се гледа како интерес во поглед на истражувањата за евулацијата на психотерапијата.

Што покажуваат резултатите од испитување на ефикасноста на психотерапијата?

Meltzoff и Kornreich (1970) наоѓаат повеќе од 80% позитивни исходи по психотерапијата, при што бихеjвиоралните техники покажуваат нешто повеќе ефикасност (80%) отколку психодинамичките и феноменолошките пристапи (70%). Најчесто се случува клиентите кои биле веќе на третмани во 75% од случаите напредувале подобро од оние кои не биле на третмани. Проблем во заклучоците се наоѓа затоа што различни истражувачи користат различни критериуми за изборот на резултатот, проценките за квалитетот на истражувањето и интерпретацијата на големината на терапискиот учинок, односно ги комбинираат резултатите од голем број на испитувања како би дошле до свои заклучоци.

Алтернатива на овој традиционален пристап претставуваат мета-аналитичките испитувања: Мета-анализа е квантитативна статистичка техника која овозможува комбинирање на резултати од голем број на истражувања. Се стандардизираат исходи на голем број на испитувања со што би можеле да се споредуваат и комбинираат. Ефикасноста на терапијата се одредува со помош на ефектите на големина која ни покажува за колку стандардни девијации просечниот клиент под третман е под или над просекот на контролните групи во секое испитување. Се смета така што од просекот (зависни варијабли) на групата која била под третман се одзема просекот на вкупната контрола (со истите мерки) и се дели со стандардната девијација на контролната  група , што може да се прикаже со следната формула:

Просечната големина на ефектот на психотерапијата изнесува 85 SD што значи дека личноста во третманот ќе постигне поголемо подобрување од 80% од лицата кои не се на третман. Мета-аналитичките истражувања потврдуваат и заклучуваат дека психотерапијата е ефикасна интервенција за различни психички пореметувања. И покрај тоа упатуваат дека специфичните видови на психотерапија не се поврзани со значајно различни ефекти. За сите видови на проблеми со различни терапии се добиени подеднакви ефекти, единствено бихевиоралната терапија била поефикасна во третманот на одредени јасно дефинирани проблеми, како што се фобијата и нападите на паника.

Новите мета-анализи доведуваат до следните додатни заклучоци за ефектите на психотерапијата:

  • Влијанијата од психотерапијата се задржуваат од 6 до 8 месеци, а според некои податоци клиентите во текот на терапијата покажуваат понатамошно континуирано подобрување.
  • За  околу половина од третираните пациенти позитивните придобивки од терапијата стануваат видливи после првите шест до осум сеанси, 70% од оние кај кои доаѓа до подобрување го покажуваат тоа подобрување до 26-тата сеанса. Со продолжувањето на третманот брзината на напредокот се успорува, веројатно затоа што потешкиот проблем на клиентите доаѓа во подоцните сеанси. Релативно брза реакција на повеќето клиенти на психотерапијата доведува до почести употреби на кратки терапии чија цел е постигнување на подобрување во 25 или дури уште помалку средби.
  • Иако е општо докажано дека психотерапијата е ефикасна слаби се доказите во прилог на поголема ефикасност на одредени школи во однос на други. Исто така нема потврда за поголема ефикасност на еклектички пристап во однос на едно тераписко училиште. Единствените утврдени разлики се во корист на когнитивни и бихеjвиорални терапии кои покажуваат малку доумерено подобри исходи од другите третмани.
  • Следно се покажува дека поголем број од клиентите доживуваат подобрувања и без подлегнување на формална психотерапија, се чини попатно поттикнува природни системи на поддршка на околината на клиентот.
  • Количината на професионалното искуство на терапевтот бездруго не е поврзана со успешноста на третманот. Постојат сугестии за објаснување на ваквите наоди на пр. искусните терапевти да добивале потешки случаи, така да немало големи разлики во искуството „искусни ” и „почетници.”

За жал, во некои случаи може да се забележат и негативни ефекти од психотерапијата, поради кои се претпоставува дека состојбата на клиентот во текот на терапијата се влошува и дека тоа е резултат на самите терапевтски интервенции. Истражувањата покажуваат дека околу 9% од ефектите се негативни, што упатува на тоа дека влошувањата предизвикани од психотерапија не се чести, но не смеат да бидат занемарени. Треба да се укаже на фактот дека секое влошување во текот на третманот, не мора задолжително да биде последица на самиот третман. Во текот на терапијата, нивото на мотивација на клиентот може да опадне, а можна е и манипулација или промена на плановите од страна на клиентот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.