Што прават луѓето во брак различно од слободните луѓе?

Дали некогаш сте се запрашале како другата страна го поминува своето време?

Што прават различно луѓето во брак и слободните луѓе

Од 2013 година Федералното Биро на САД за Статистика почнало да спроведува континуирани истражувања на репрезентативен број на американци од 15 години па нагоре. Најновото истражување во оваа област е од 2012 година. Подоле се неколку клучни резултати поделени во три категории: (1) на што повеќе време поминуваат луѓето во брак отколку слободните луѓе; (2) на што луѓето во брак и слободните луѓе трошат исто време и (3) на што повеќе време поминуваат слободните луѓе отколку луѓето во брак.

 

Работи на кои луѓето во брак поминуваат повеќе време отколку слободните луѓе

 

Домашни работи (работи поврзани со домот, работи во градината, подготвување на јадења, одржување на автомобилот и слично –  овде не е вклучена грижата за децата)

  • Луѓе во брак: 2 часа, 4 минути на ден
  • Слободни луѓе: 1 час, 24 минути на ден

Купување на работи (храна, гориво, услуги – без разлика дали станува збор за купување во живо или преку интернет)

  • Луѓе во брак: 47 минути на ден
  • Слободни луѓе: 40 минути на ден

Јадење и пиење (сам или со некој друг, дома или некаде надвор – не вклучувајќи ги оброците на работа)

  • Луѓе во брак: 1 час, 20 минути на ден
  • Слободни луѓе: 1 час, 9 минути на ден

Религиозни и цивилни активности (одење во религиозен храм, молење, одење во градското собрание поради состаноци, и слично)

  • Луѓе во брак: 23 минути на ден
  • Слободни луѓе: 16 минути на ден

 

Работи на кои слободните луѓе и луѓето во брак поминуваат исто време

 
Грижејќи се и помагајќи на луѓе кои што не живеат во нивниот дом: 11 минути за двата типа на луѓе.

Што прават различно луѓето во брак и слободните луѓе

Работи на кои слободните луѓе поминуваат повеќе време отколку луѓето во брак

 
Образование (одење на часеви – без разлика дали се за нив или за добивка, истражувања, домашни и слично)

  • Слободни луѓе: 56 минути на ден
  • Луѓе во брак: 5 минути на ден

Лични работи (спиење, грижење за здравјето, средување и слично)

  • Слободни луѓе: 9 часа и 47 минути
  • Луѓе во брак: 9 часа и 13 минути

Контакт со други луѓе, но не лично (јавувајќи се, праќајќи пошта преку интернет или преку писма – но не поврзани со работата)

  • Слободни луѓе: 12 минути на ден
  • Луѓе во брак: 7 минути на ден

Социјализирање, спорт, опуштање (вежбање, практикување на некој спорт, социјализирање и комуникација лице во лице, гледање телевизија, слушање музика, играње компјутерски игри, читање, размислување)

  • Слободни луѓе: 5 часа, 48 минути
  • Луѓе во брак: 4 часа, 57 минути

 

Заклучоци

 
Конзистентно со други истражувања, овие податоци повторно го разрушуваат митот дека слободните луѓе се изолирани. Слободните луѓе поминуваат многу повеќе време во контакт со другите луѓе, како во живо така и преку други медиуми. Исто така е разрушен и материјалистичкиот мит во врска со слободните луѓе – луѓето во брак се тие кои што трошат повеќе пари купувајќи различни работи.

И двата типа на луѓе поминуваат исто време грижејќи се за луѓето кои што не живеат со нив. Но, во многу случаи животот во брак изгледа многу исполнет со работи кои што се обврзувачки, како што се купување на прехрамбени производи и други работи за домаќинството. Додека пак, слободните луѓе поминуваат повеќе времево учење, социјализација и вежбање.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.