Што стои во позадината на анксиозноста?

Анксиозност е психичка состојба за која карактеристични се чувствата на мачнина, тежина, уплашеност, непријатност, вознемиреност, страв до степен на паника, психомоторна напнатост и внатрешен немир.

За анксиозноста, специфично е што најчесто е немотивирана и не е поврзана со некој конкретен објект, настан или личност.

Што стои во позадина на анксиозноста?

Сите знаеме дека грчевитите чувства на анксиозност, грижа и паника се исклучително непријатни чувстава за справување на секојдневно ниво, но што доколку анксиозноста не е безначајна „грешка“?

Што доколку анксиозноста е биолошки одговор на заробен, неразрешен стрес (во нашиот ум, тело и душа)?

Доколку се фокусираме само на симптомите, ќе се заглавиме обидувајќи се да го смириме и контролираме внатрешниот немир, но доколку се фокусираме на причината, можеме да навлеземе во коренот на проблемот.

Луѓето кои се борат со анксиозност, согорување и замор, на кои им е доста од справување со вакви исцрпувачки симптоми, може да се обидат да одговорат на следните прашања:

Скренирајте ја вашата историја од детството до возрасната доба: Дали сте искусиле драматични настани кои биле неочекувани или многу стресни?

На пример: Развод на родителите, преселба, промена на училишта, сте биле жртва на силеџиство, сте биле сведок на тепачка, неочекувана загуба на работа, сообраќајка, загуба на сакана личност, откривање дека родителите ве измамиле, неочекувана бременост, итн.?

Дали пораснавте во дом каде имало алкохолизам, зависност од дрога, или насилен родител? Дали пораснавте во непредвидлива средина без да знаете дали некогаш ќе се чувствувате сигурни, а следниот ден не?

Години поминати во непредвидлива средина може да влијае на нашето биолошко функционирање и воспоставени шеми на размислување. Можеме постојано да бидеме во состојба на „штрек“ и одбрана (анксиозни) како начин на одбрана и подготовка за неочекувана закана. Овој страв може да се задржи и во возрасниот период како несвесна шема.

Sad Woman Sitting on Floor and Holding Head in Hands

Дали пораснавте покрај перфекционист? Дали сте чувствувале силен притисок за постигнување или да бидете „совршени“ во сè што правите? Дали сте чувствувале притисок да имате извонредни оценки, да имате совршена тежина или други слични очекувања независно од сферата?

Дали се потсетивте дека сте правеле премногу работи истовремено поттикнати од внатрешниот притисок – сè што правите да е совршено?

International Association of Meta-Medicine претставува организација за истражувања, составена од доктори и други професионалци за здравје, ширум светот. Според нив, болеста не е грешка на организмот, туку биолошки одговор со цел адаптација, еволуција, само-оздравување и преживување на организмот.

Било кој од стресовите наведени погоре може да предизвика реакија на организмот во пределот на надбубрежните жлезди.

Надбубрежни жлезди

Во основата на емоциите и мислите:

„Не можам веќе“

„На работ сум“

„Премногу е ова за да се справам“

„Преплавен/а сум“

Биолошки одговор

Функцијата на надбубрежните жлезди му даваат поголема енергија на организмот да се справи со прекумерниот стрес. Тоа ја зголемува функцијата и продукцијата на стрес хормоните норадреналин, допамин и епинефрин што предизвикува реакција на „борба или бегство“. Ова ни дава голема енергија за да се постигне задачата.

Кога стресот ќе помине, надбубрежните жлезди ја намалуваат функцијата. Ова особено го намалува нивото на енергија и предизвикува зголемен замор. Доколку коренот на конфликтот и стресот остане неразрешен, активната мозочна регија може да доведе до хронични симптоми на адренален замор.

Биолошка цел на анксиозноста

Адреналниот замор не е случајна грешка на организмот. Дваесет и четири часа во денот, без прекин, нашето тело се приспособува за да ги исполни барањата на нашите перцепции за предизвиците. По пат на саморегулација го прави најдоброто што може за да ни помогне. Истовремено, мудро е да разбереме дека телото не може да лаже. Хроничните симптоми се директна форма на комуникација дека имаме неразрешени, ограничени стрес-шеми кои не држат назад во животот. Телото е еден од најголемите учители и ни кажува каде точно е потребна светлина од нашата сила и свесност.

Кога ќе го разрешиме стресот поврзан со симптомите, имаме можност да проникнеме во себе си однатре, можност да го промениме нашиот живот на длабински и суштински начин.

Многу пати, кога доживуваме траума, ние ја гледаме само перспективата на „сè или ништо“. За да го разрешиме заробениот стрес и да постигнеме рамнотежа во организмот, потребно е да се зајакне и зголеми нивото на свесноста и перспективата на личноста.

Пости изрека која вели – вистината ќе ве ослободи…



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.