Што значи да се биде личност со интегритет

Зборот интегритет потекнува од латинскиот збор integritas, што значи целовитост.

Каква е особата која има интегритет?

  • Личноста се однесува во сооднос со своите верувања. Со други зборови за таква личност не може да се каже дека едно зборува, а друго прави.
  • Јавно ги изнесува своите морални уверувања, дури и кога тие верувања не се во согласност со мнозинството.
  • Внимава на другите луѓе и нивните потреби и им помага на оние на кои тоа им е потребо.
  • Личноста со интегритет ја говори вистината и презема одговорност за своите мисли, чувства и однесувањето. Не се претставува како поинаква личност пред другите, искрена е и има внатрешно чувство за морална доследност. Ваква личност го живее својот живот искрено и автентично и не се претставува дека е нешто што не е. Со неа секогаш знаете на што сте.

Што значи да се биде интегрирана личност?

Зошто е добро да се биде личност со интегритет?

Личноста со интегритет има многу предности во средината. Таквата личност е повеќе прифатена и има поблиски односи во својот живот. Ова е очекувано бидејќи блискоста се развива со искреност и отвореност. Само личноста која се однесува во склад со тоа што е и не се плаши да се прикаже себе си, може да биде блиска со другите.

Интегритетот нам може да ни помогне и во одржувањето на љубовната врска, иако ретко размислуваме на тој начин. Всушност, во повеќето истражувања за посакувани особини кај партнерот, искреноста се појавува на прво место. Спремни сме да простиме многу нешта на пријателите, членовите на семејството, брачниот партнер. Но многу тешко простуваме ако глумеле пред нас или сокривале дел од себе. Реченици од типот: Кој/а си ти воопшто? или Јас повеќе не те препознавам – изречени во лутина и во кавга добро го одразуваат нашето чувство кога се соочуваме со фактот дека личноста која ја сакаме или со која живееме не е она што мислиме дека е.

Што значи да се биде интегрирана личност?

Сетете се на многу филмови со таква тематика. Сопругот умира или загинува, а потоа жената дознава дека водел паралелен живот, дека негде има уште една жена или уште едно дете. Иако до тогаш живеела нормално и задоволно, тоа сознание и го руши целиот живот. Дотичниот маж иако е починат, тоа не може да му го прости.

Секако, не се сите примери волку драматични. Но и оние благите оставаат горчлив вкус. Сетете се на личност со која сте разговарале и сте откриле многу работи околу кои се согласувате и имате исти ставови. Сте биле одушевени и ви се чинело дека сте стекнале нови пријатели. А потоа откриете дека истата особа исто така во се согласува и со некој кој има спротивни ставови! Непријатно сте се изненадиле, се чувствувате измамено и изневерено. Па која всушност е таа особа? Што навистина мисли? Идејата да продолжите со пријателството веројатно не ви паѓа на памет.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.