Сигмунд Фројд – цитати за соновите

„Соновите се кралскиот пат до несвесното.“

„Најдлабоки сонови се оние кои ни се чини дека се најлуди.“

„Доблесниот човек го сонува она што злите луѓе го прават во реалниот живот.“

„Децата се во целост егоистични; ги чувствуваат интензивно своите потреби и немилосрдно се стремат да ги задоволат.“

„Конзервативноста, сепак, е премногу чест добредојден изговор на мрзеливите умови, нестремејќи се да се прилагодат на брзото менување на условите.“

Сигмунд Фројд - цитати за соновите

„Она што е заедничко за сите сонови е очигледно. Тие целосно ги задоволуваат желбите во текот на денот кои останале нереализирани. Тие едноставно се неостварена реализација на желбите.“

„Само со разбирање на човекот како несвесно, откриено преку неговите сонови, со нивното презентирање може да го разбереме целосно. Како што Фројд му кажа на Путнам: Ние сме она што сме, поради тоа што сме биле.“

„Големината, прекумерното изобилие, или преувеличувањето во соновите, може да биде инфантилна карактеристика. Најсилната желба на децата е да пораснат и да добиваат сè како и возрасните; тешко е да се задоволат; не го знаат значењето на зборот –  доволно.“

„Постои психолошка техника кој овозможува интерпретација на соновите и … ако тој процес се применува, секој сон се открива како психичка структура која има значење и може да се вметне како определена карактеритика во моменталниот буден живот.“

„Право кажано, несвесното е вистинскиот дел од психата; неговата внатрешна природа е непозната исто колку и надворешниот свет и ни се прикажува исто толку нецелосно колку и надворешниот свет преку нашите сензорни органи.“

„Тврдењето дека сите сонови бараат сексуална интерпретација, кон кое критичарите покажуваат толкав револт, никаде не се појавува во мојата интерпретација на соновите. Не е пронајдено во ниту една од моите бројни издадени книги и е во очигледна контрадикција со другите ставови изразени во нив.“

„Исчезнувањето на соновите, на начин кој со будењето, нашите мисли се исфрлени на страна како нешто бизарно и нашето нарушување во сеќавањето или отфрлањето – сето ова и многу други проблеми за кои со стотици години се бараат одговори, до сега никогаш не се најдени некои кои сезадоволителни.“

Сигмунд Фројд - цитати за соновите

„Со сигурност, древното верување дека сонот ја открива иднината, не е целосно лишено од вистина. Со претставувањето на исполнување желба, сонот секако не води во иднината; но оваа иднина, земена од сонувачот како сегашност, се формирала како подобие на минатото од страна на неуништлива желба.“

„Да се сака едниот родител,  а да се мрази другиот, се основните составни делови од физичките импулси кои се формирале во тоа време и е од значење кое ги определува симптомите на подоцнежната невроза… Ова откритие е потврдено со легенда која дојде до нас од класичната антика… Она на што мислам е кралот Едип.“

„Сонот има многу експлицитен начин на справување со категории на спротивности и контрадикции. Ова е едноставно занемарено. Во сонот „не“ изгледа дека не постои. Особено, се препрочита да се пројават спротивностите заедно во единство или да се претстават како едно. Исто така, има слобода во пројавување на  случајни елементи од она што сака како спротивност, така што не може да се каже од прва за тоа кој од половите е позитивен или негативен во сонот.“

„Како шт знаеме, древните народи пред Аристотел не го сметале сонот како производ на умот, туку како божествен инспирација, а во античките времиња веќе биле забележани два антагонистички правци кои може да се најдат во проценката на сонот. Тие правеле разлика меѓу вистински и вредни сонови, пратени до сонувачот за да го предупредат или да ја предвидат иднинат, додека заидните, лажните и празните сонови, објектот го доведуваат до заблуда или до деструкција. “



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.