Сината светлина може да ја подобри будноста и вниманието преку ден или преку ноќ

Едно ново истражување може да даде битни импликации за дизајнирањето на вештачките светла, кои се многу важни за сите луѓе кои работат во затворени простории или во простории каде недостига светлина, на пример во зимските денови.

Сината светлина може да ја подобри будноста и вниманието преку ден или преку ноќ

Истражувањето е направено во Бригхам и Женската Болница во Бостон, каде што учесниците биле изложени на кратки бранови светла, на сина, додека други на зелена боја. Учесниците понатаму продолжувале со своите дневни задачи под овие светла до 6 часа.

Подоцна тие што биле изложени на сината светлина имале побрзи реакции, подобро внимание и нивните мозочни бранови сугерирале дека тие биле многу повеќе свесни отколку што самите се чувствувале.

Shadab Rahman, водечкиот автор на ова истражување објаснува:

„Нашето претходно истражување покажа дека сината светлина може да ја подобри свесноста за време на ноќта, но, ова наше ново истражување покажа дека овие својства може да се добијат и преку ден. Овие истражувања демонстрираат дека пролонгираната изложеност на сина светлина има ефект врз нашата свесност.“

Кога луѓето се изложени на сина светлина за време на ноќта тоа им ја зголемува нивната свесност и им ја доближува до ниво на дневна светлина.

Невронаучникот Steven Lockley, еден од истражувачите објаснува:

„Овие истражувања покажуваат како светлината влијае врз мозокот и ни отвара нови можности за користење на светлината, сé со цел да ја подобриме човечката свесност, продуктивност и сигурност. Додека се обидуваме да ја подобриме будноста кај ноќните работници поради сигурносни причини, исто така луѓето кои работат преку ден може да имаат бенефити од подобреното осветлување, не само да им помогне да гледаат подобро туку и да бидат повеќе будни.“

Се надеваме дека паметното осветлување во иднина ќе ни овозможи природни бранови на светлина во нашите секојдневни активности.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.