Скриени делови во мозокот се отвараат за време на спиењето со цел да ги остранат токсините

Едно ново истражување објавено во престижниот весник Science, пронашло дека мозокот може да ги острани токсините кои што се создаваат во текот на денот.

Истражувачите откриле „скриени делови“ во внатрешноста на мозокот, кои се отвараат за време на спиење, овозможувајќи и на цереброспиналната течност (CSF) да ги прочисти потенцијалните невротоксини, како на пример β-amuloid, која што е асоцирана со Алцхајмеровата болест.

Скриени делови во мозокот се отвараат за време на спиењето со цел да ги остранат токсините

За да дојдат до ова истражување, научниците им вметнале боја во мозоците на глувците и потоа го следеле движењето на цереброспиналната течност (CSF) додека тие биле будни, потоа кога спиеле и кога биле под анестезија.

Еден од авторите на оваа студија доктор Maiken Nedergaard , ги објаснува резултатите:

„Ние се зачудивме колку малку проток имаше во мозокот кога глувците беа разбудени. Тоа сугерира дека просторот помеѓу мозочните клетки се менува значително за време кога мозокот бил активен и кога не бил.“

За долго време вистинската физиолошка цел на сонот останала мистерија.

Ние знаеме дека недостатокот на сон предизвикува секакви видови на психолошки проблеми, како на пример слабо учење, послабо донесување на заклучоци итн.

Ние исто така знаеме дека животните кои што се хронично лишени од сонот со намерно прекинување и непродолжување на истиот, евентуално ќе умрат: муви и глодари за неколку дена до недела, луѓето за неколку месеци или години.

Секој кој што имал добар ноќен сон точно знае како регенериран се чувствувал утредента, но точниот физиолошки процес не бил во целост откриен.

Студијата сугерира дека отстранувањето на токсините од страна на CSF може да биде најважното нешто за регенерирачките способности на сонот.

Интерстицијалните простории во мозокот на глувците заземал само 14% од волуменот на мозокот додека тие биле будни. Но, додека спиеле, овие простории пораснале скоро 2/3 и заземале цели 23% од вкупниот волумен на мозокот.

Рзаликата може ви изгледа незначителна, но вистинските физиолошки ефекти се огромни.

Во текот на денот, CSF најмногу ја зафаќа површината на мозокот. За време на спиење CSF е способна да навлезе длабоко во него.

Ефектот е дека потенцијалните невротоксини, како β-amyloid, се чистат двапати побрзо за време на сонот.

Резултатот на ова истражување, доколку се спроведе и на луѓе, може да помогне да се објасни зашто многу невролошки болести како ударите и деменцијата се поврзани со проблематичното спиење.

Недостатокот на спиење и рестрикцијата на мозочниот систем за чистење, може да предизвика да се изградат токсични метаболизми, водејќи до посеризони нарушувања.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.