СЕМИНАР: Абнормалност и Афективни растројства

Почитувани,

 

Здружението за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА – Скопје, организира семинар на тема:

Абнормалност и

Афективни растројства

 

Загрижувачки е фактот што Светската Здравствена Организација предупредува на 50 отсто зголемување на застапеноста на менталните заболувања кај светската популација, до 2020 година. Ваквиот тренд, за жал, се очекува и кај нас.

На семинарот ќе имате можност да проследите излагања и презентации за досегашните научни сознанија во однос на овие теми, како и да бидете дел од дискусијата во која ќе добиете одговори на сите прашања кои ве засегаат (лично или професионално) за ваквите состојби, во рамки на менталното здравје.

Учество на семинарот можат да земат сите студенти или дипломирани психолози, лекари, студенти и професионалци во областа на општествени и хуманистички науки, вработени во институции засегнати од оваа тема, како и сите оние кои се лично заинтересирани.

 

Предавач:

Д-р Милка Бошковска – Спец. невропсихијатар

Давид Тасевски – Психолог

 

Семинарот ќе се одржи на ден 28.05.2016 година – во Скопје, со почеток во 12:30 часот.

Времетраењето на семинарот е 3 часа.

Локацијата на Семинарот се наоѓа во ГЕМ Клубот во Менада, Стара Чаршија.

 

Пријавувањата за учество можете да ги извршите најдоцна до 26.05.2016, на

e-mail: psihointegra@psihointegra.org

Котизацијата за учество изнесува 1000 денари.

(Бројот на места е ограничен)

Контакт тел: 077 909 732

*На сите присутни ќе им биде доделен сертификат за учество во семинарот.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.