Смирен ум: 5 чекори како подобро да се релаксирате

Понекогаш имаме премногу работи за кои се грижиме, дури и пред да ги пуштиме вестите. Ова значи дека кога на мозокот му е даден идеален момент, често се случува да почне да се грижи. Грижењето само по себе може да биде корисно во решавањето проблеми, но исто така нè прави и несреќни или ни се меша во нашите секојдневни активности.

Стандардната психолошка метода за справување со секојдневните грижи е навистина едноставна. Но само затоа што е лесна, не значи дека е и многу позната меѓу луѓето.

Смирениот ум: 5 чекори како побрзо да се релаксирате

Постои пет чекорен план наречен „Смирениот ум“ кој што всушност бил креиран од психолозите специјално за луѓето со деменција. Поради ова, посебен аспект бил поставен на односите, а помалку на конгнитивните аспекти. Ова ни служи за нашиот модел овде, конгнитивните работи (она за што ние се грижиме) може да бидат многу индивидуални, за разлика од бихејвиористичките работи кои може секој од нас да ги прави.

1. Свесност

Ова е чекорот кој многу луѓе го забораваат. Зашто? Затоа што ни се чини дека веќе го знаеме одговорот. Веројатно сметате дека знаете што е тоа што прави да се чувствувате анксиозно. Сепак, понекогаш ситуациите, психичките знаци и емоциите кои ја придружуваат анксиозноста, не се толку очигледни како што може да мислиме. Така што, можете да се обидете да водите „дневник за анксиозноста“, без разлика дали е пишуван или виртуелен. Корисно е да запишувате во него – кога се чувствувате анксиозно и кои се психичките знаци на таа анксиозност?

Понекогаш овој чекор е доволен за да им помогне на луѓето со нивната анксиозност. Особено во областа на навиките, самосвесноста е првиот чекор кон определената промена.

2. Дишење

Сигурно сте прочитале за начините на кои умот и телото се поврзани и постојано си праќаат информации. На пример, стоењето сигурно ги прави луѓето да се чувствуваат сигурни. Умот не е единствениот кој му влијае на телото, и телото може да му влијае на умот.

Истото важи и за анксиозноста: преземањето свесна контрола врз дишењето испраќа порака назад до умот. Така што, кога сте анксиозни, состојба која често е придружена со плитки и брзи дишења, обидете се да го смените дишењето со релаксирачко. Кое вообичаено е побавно и подлабоко. Можете да броите додека дишете и издишувате и да се обидете да ја ставите вашата рака на стомакот и да го почувствувате воздухот како влегува и излегува од вас.

Како дополнување, прифатете било каква позиција во која се чувствувате релаксирано.  На пример, можете да примените релаксирање на мускулите, прифаќајќи отврен поглед кон светот (ширење на вашите раце, голема насмевка).

3. Смирувачки мисли

Убаво е кажано: „Мислете на смирувачки мисли“, но кој може да мисли на такви мисли кога е во некоја стресна ситуација?

Решението е да ги припремите смирувачките мисли однапред. Тие може да бидат едноставни како „Смири се!“, но тоа треба да се работи на кои вие лично ќе реагирате и ќе ви делуваат. Најдобро е да ја пронајдет формата на зборови или мисли које е вистинската за Вас.

Смирениот ум: 5 чекори како побрзо да се релаксирате

 

4. Зголемена активност

Можеби е чудно да се каже дека еден од најефикасните начини за справување со анксиозноста е активноста. Сепак, кога мозокот не е зафатен со нешто, тој талка, често кон анксиозноста. Затоа, кога ќе се зафатиме со некоја активност која ја сакаме, ние се чувствуваме посреќни. Дури и работи како средување низ дома може да бидат добри, отколку само да седите и да се грижите.

Проблемот со анксиозноста е тоа што ве прави да се чувствувате помалку охрабрувачки да почнете со некоја активност. Едно решение е да имате листа на активности кои за вас претставуваат уживање.

5. Вештини за спиење

Често кога луѓето се анксиозни, имаат проблеми со спиењето. Понекогаш кога сте анксиозни нема ништо попривлечно од лежењето во кревет, со спуштени ролетни и само да бидете окупирани со вашите мисли. И намаленото спиење може да доведе до анксиозност поврзано со спиењето, парадоксално, кон лошо спиење. Да се избегне овој круг може да биде навистина тешко, но вежбањето како да се опуштите за да заспиете може да помогне. Сето ова е во врска со здобивање на добри навики за спиење.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.