Социјална интелигенција

Интелигенција или IQ е воглавно нешто со што се раѓаме. Генетиката игра голема улога. Но, социјалната интелигенција (SI), од друга страна е нешто кое го учиме. SI е нешто што се развива преку искуствата стекнати со други луѓе и преку учењето од успесите и грешките во социјалната средина. Скоро сите луѓе ја познаваат како „здрав разум“ или „улично учење“.

Што претставува социјалната интелигенција и зошто е важна?

Кои се клучните елементи на социјалната интелегенција?

1. Вербална флуентност и конверзациските способности. Вие можете да препознаете личност со висока SI бидејќи тој или таа знаат како „да работат во просторијата“. Високо социјализираната личност со голема интлигенција знае како да води конверзација со многу различни типови на луѓе, а воедно да биде тактичка и соодветна во сè што говори.

2. Познавање на социјалните улоги, правила и „закони“. Социјално интелигентните индивидуи научиле како да играат различни социјални улоги. Тие исто така се добро запознаени со неформалните правила или „норми“ кои што ги водат социјалните интеракции. Со други зборови тие знаат како да ја играат играта на социјалната интеракција. И како резултат на сето ова тие оставаат впечаток на социјално софистицирани и мудри личности.

3. Ефективни способности за слушање. Социјално интелигентните личности се многу добри слушачи. И како резултат на тоа другите личности излегуваат и се чуствуваат задоволно од разговорот со нив.

4. Можност да се разбере како функционираат другите луѓе. Големите луѓе гледаат како определени индивидуи во општеството кои се на високи позиции им се обраќаат на останатите луѓе, што им говорат и како ги тераат да ги слушаат, со можност да можат и тие да научат како да ги „читаат“ истите за тоа што размислуваат и сакаат. Разбирајќи ги емоциите е дел од емоционалната интелигенција, а со тоа се поврзувааат и социјалната интелигенција со емоционалната интелигенција заедно, нешто за кое овие луѓе се особено способни.

5. Играње на улоги и социјална самоефикасност. Социјално интелигентните личности знаат како да играат различни социјални улоги – овозможувајќи им да бидат комфорни со сите видови на луѓе. Како резултат на тоа СИ индивидуи се чуствуваат социјално сигурни е ефикасни – нешто што психолозите го викат „социо себе – ефикасност“.

6. Оставање добар впечток. Луѓето со висока SI се загрижени за тоа каков впечаток им оставаат на останатите луѓе. Тие се впуштаат во нешто што се вика „Опасна вештина на оставање на впечаток“, што е деликатно балансирање помеѓу менаџирање и контролирање на сликата која што ја проектираме кај другите, а воедно и да се остане разумно „автентичен“ дозволувајќи им на другите да си го видат нивното вистинско „јас“. Ова можеби е најкоплексниот елемент на социјалната интелигенција.

Што претставува социјалната интелигенција и зошто е важна?

 

Како може да ја развиете вашата социјална интелигенција?

Потребно е напор и тешка работа. Започнете со посветување повеќе време на светот околу вас. Работете на тоа да станете подобар говорник или соговорник. Зачленете се во некоја говорна група со цел да си помогнете полесно да ги совладате техниките во комуникациските вештини. Работете во насока да станете подобар слушател, преку нешто што се вика „активно слушање“, каде што вие го враќате тоа што сте го слушнале од соговорникот со цел да обезбедите кристално разбирање. Но, најважно учете ги социјалните ситуации и подобрете го вашето однесување. Учете од вашите социјални успеси и грешки.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.