Социјалниот конформизам трае три дена

Добро познато е дека луѓето се под силно влијание на луѓето околу себе. Сепак, според резултатите од едно ново истражување, ефектот на социјален притисок трае околу три дена откако личноста е надвор од групата.

Според едно истражување во 1950, спроведено од страна на Solomon Asch, пронајдено е дека луѓето дури се во состојба да ги негираат своите сетила со цел да се согласат со социјалната група. Но, едно ново истражување спроведено во Кина се насочи кон времетраењето на конформизмот откога личноста ќе ја напушти групата.

Созијалниот конформизам трае три дена

Еден од авторите на истражувањето, Rongjun Yu од Северна Кина, од Normal универзитетот, ги објаснува резултатите:

Наодите сугерираат дека изложеноста на туѓи мислења навистина ги менува нашите лични ставови – но не ги менува засекогаш. Исто како што меморијата може да задржи истовремено седум информации и како што дрогата има влијание одредено време, социјалното влијание се чини дека има ограничен ефект.

Проценка на изглед

Во студијата, од испитаниците било побарано да го проценат изгледот на други луѓе. Пред секој суд  им билo дадено наводно просечното рангирање за лицето од страна на двесте студенти. Испитаниците потоа, се враќале во лабораторијата по три дена, седум дена и три месеци. Од рангирањата било јасно дека луѓето биле под влијание на социјалната група преку пресочниот рејтинг кој им бил покажан. Социјалното влијание било сè уште присутно и по три дена, но не и по седум дена или по три месеци.

Заборавање на групите норми

Можеби ова истражување објаснува зошто луѓето се чувствуваат ослободено кога се враќаат на работа по неделен одмор. Не само што се забавувале, туку и една недела е доволна за да заборават некои од конструираните норми за однесувањето на работа.

Социјалниот конформизам трае три дена

Силно влијание

Ефектот најверојатно варира во зависност од тоа колку е силен социјалниот притисок. Во истражувањето, испитаниците биле изложени на многу слабо социјално влијание. Тие не ги виделе луѓето кои влијаеле врз нивниот суд, а другите луѓе имале мало проактивно влијание врз нив. Многу социјални ситуации, како на пример работната средина, или семејството, би ималe многу посилен и подолготраен ефект.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.