Соработка на Психоинтегра и Црвен Крст

На покана на ,,Дневниот Центар За Стари Лица и Центар За Давање Помош Во Домашни Услови”- Маџари, Здружението за едукација и развој Психоинтегра одржа предавање на повеќе теми поврзани со менталното здравје и психолошката добросостојба.

Предавањето го одржаа претседателот на здружението Давид Тасевски – дипл. психолог и еден од основачите на здружението Ирина Николовска – дипл. психолог и гешталт советник.

Учесниците имаа можност да добијат повеќе информации за овие теми, како и да постават прашања и да развијат дискусија.

На големо задоволство на нашето здружение, соработката беше успешно спроведена поради развивањето интерес за темите кај учесниците, нивно активно вклучување во предавањето, како и заедничка желба за натамошен професионален контакт и соработка.

Можете да погледнете повеќе на Овој линк.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.