Советување на брачни парови

Партнерството или бракот е многу комплексен однос кој може да биде разгледуван од повеќе аспекти: социолошки, биолошки, културно-антрополошки, економски, правен, религиозен и психолошки или психодинамичен. Партнерскиот дијаден однос е многу динамичен и се карактеризира со различни психодинамични содржини кои влијаат на специфичниот однос меѓу партнерите. За да може ефикасно да се примени советувањето, стручниот советник мора да ги познава различните содржини на односот, динамиката на тој однос, различните аспекти на партнерскиот и семејниот живот.

Советување на брачни парови

Употребата на методите на советување многу тешко се вклучуваат во само еден теоретски модел или концепт. Многу стручни лица тврдат дека за да се пристапи кон партнерскиот однос потребен е контролиран стручен еклектицизам. Разбирливо е дека пристапот на стручното лице за советување на партнерите ќе зависи од неговата теориска ориентација, познавања, личност како и природата на самиот проблем на партнерите.

За советување со партнерите, карактеристичен е таканаречениот Его-психолошки пристап и однос насочен кон решавање. Се употребуваат голем број на техники, но посебно се нагласува употребата на техниката на конфронтирање, осветлување, интерпретација, намалување на напнатост, поттикнување и потпирање, како когнитивни, така и конативни аспекти на личноста на партнерот. Односно, советувачот е насочен кон интерактивните и интрапсихолошките причини на проблемот.

Покрај останатите барања кои мора советувачот да ги исполни при решавањето на проблемот на партнерите, мора пред сè да им понуди помош за тоа, како да научат да комуницираат, да ги доближат емоциите, мислите, потребите и желбите.

Времето на работа на советувачот со партнерите зависи од психичкото здравје на самите партнери. Многу полесно, психичкото здравје на партнерите може да се претстави како присутност на прилагодлива сила и флексибилност во соочувањето со решавањето на своите проблеми, самостоен и јак личен идентитет, капацитет за препознавање на проблеми и одговор за проблемите на партнерот. Колку повеќе тие квалитети се присутни кај партнерот, толку повеќе ќе постои насочување на меѓусебниот однос, кон реални размислувања и когнитивен пристап. Когнитивниот пристап е поволен, доколку партнерите добро функционираат. Посебно внимание бараат партнерите кај кои надворешната и внатрешната, лична криза се одвиваат истовремено.

Постојат исклучоци кај оние партнери кај кои советувачот ќе открие постоење на патологија кај едниот или двата партнера, тогаш се наведуваат на посебно советување или терапија.

Со употребата на методите на советување, не можат да се решат сите проблеми што партнерите ги имаат, а посебно треба да се направи разлика, кога и кои проблеми кај партнерите се решаваат индивидуално, а кога е потребна присутност на двата партнера. Затоа е потребно, советувачот да го препознае индивидуалниот проблем на едниот партнер и во текот на советувањето да го решава и тој индивидуален проблем. Таа желба за решавање на индивидуален проблем преку партнерскиот однос, го предупредува советувачот на евентуална присутност на патологија кај таа личност. Тоа значи дека партнерите, нивната личност и природата на меѓусебниот однос влијаат на советувањето и изборот на видот на советување.

Многу проблеми во односот меѓу партнерите можат да се решат единствено низ меѓусебниот однос, па дури и оние кои на почетокот изгледаат како индивидуални.

 

Извадок од Методи и техники на советодавната работа, Кристанчиќ А.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.