Советување насочено кон клиентот – психотераписки метод според Роџерс

Основач на овој правец во психотерапијата е познатиот американски психолог К. Р. Роџерс (C. R. Rogers), на кој му дал име „client-centered therapy“ (терапија во чиј центар е клиентот – неговите потреби, желби и психолошка моќ). Основни карактеристики на овој тераписки метод се: отсуство на било какво диригирање со субјектот, ставање на суштинските потреби и чувствата на клиентот во центар на заедничките напори во текот на терапијата, создавање услови да се спознае, прифати и да ја менува својата внатрешна суштинска личност, овозможување по пат на катарза да се ослободи од непријатните чувства и во иднина да се поставува пореалистично кон себе и другите.

Советување како психотераписки метод според Роџерс

Основно е со помош на терапевтот, клиентот сам да дојде до неговите најприфатливи одлуки кои ќе одговараат на неговата моќ. Целиот процес се состои во следните чекори: одлука на личноста да побара помош (одлуката треба да биде спонтана, а не со насочување), создавање тераписка ситуација (на клиентот треба да му се нагласи дека советувањето ќе се одвива со негов активен напор, со помош на терапевтот), создавање атмосфера во која клиентот слободно ќе ги изрази своите чувства, констатирање на негативните чувства од страна на терапевтот и создавање можност клиентот сам да ги увиди, пронаоѓање позитивни чувства, согледување и разбирање на сопствената личност, користење позитивна моќ во решавање на проблемите и интерпретација, односно заклучок дека личноста на клиентот ојакнала, така што повеќе не би и била потребна помош од терапевтот. Главни карактеристики на оваа тераписка постапка, според Роџерс, биле: топлина во односот терапевт – клиент, создавање можност клиентот да ги изрази своите чувства со неопходно временско ограничување (тој ќе одреди време во кое треба да го изнесе тоа што го смета за најважно), отсуство на било каква пресија или обуздување, отсуство на било каква емоционална реакција или заземање став од страна на терапевтот, туку доведување до тоа, клиентот сам да создаде позитивен став.

Советување како психотераписки метод според Роџерс

Постојат два методи во процесот на советување: метод на диригирање и метод на недиригирање. Во првиот случај од клиентот се бара многу помала активна соработка, со тоа што терапевтот го презема на себе најголемиот дел од одговорноста за решавање на проблемите на клиентот, што значи терапевтот е многу поактивен, и тој го турка клиентот кон целта, на основа на увидот кој го поставил. Во другиот, недиригиран метод, активен е клиентот, а терапевтот трпеливо и пријателски го слуша излагањето, не изнесувајќи авторитет, без давање директен совет ниту морален суд за излагањето, туку неупадливо го усмерува да се ослободи од стравот и слободно да ги изнесе своите проблеми. Терапевтот треба да му помогне на клиентот, да го навраќа на прекинатото излагање, да го пушти сам да ги констатира своите проблеми и негативни црти на личноста, да му овозможи да најде решение за својата ситуација.

На крајот на советувањето кај некои клиенти може повторно да се појави страв, сомнеж во својата моќ, конфузност, несигурност која се презентира со тенденција за вметнување на нови проблеми со цел да се продолжи советувањето. Терапевтот станал потпора, и клиентот се плаши да не го изгуби. Искусен терапевт ќе умее да се справи со оваа ситуација. Кај успешното советување се јавува обострано задоволство: кај клиентот што стекнал моќ за пореалистичен начин за пристапување во животот, а кај терапевтот што успел да врати во живот уште еден човек. Но, и кај едниот и кај другиот се јавува некој вид на тага, што нивниот контакт после извршеното лечење мора да прекине.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.