Справување со внатрешниот критичар

Во западниот свет, самодовербата е високо вреднувана вредност. Здравата самодоверба се смета за дел од личните снаги која е значајно поврзана со добросостојбата и задоволството од живеењето. Често, за да ја потткнеме самодовербата на нашите деца, им кажуваме колку се посебни…

Во текот на образованието и дополнителните активности – спорт, музичко образование итн. ги учиме децата дека треба да се стремат да бидат најдобри и дека не е пожелно да бидат просечни. Така, самовредноста на детето почнува да зависи од тоа колку е успешно во една компетитивна средина, со надеж дека тоа ќе го подготви за „вистинскиот живот“.

Но, што се случува кога ќе потфрлат на критериумите наметнати од средината? Во тој случај, се јавуваат заштитни механизми за да ја сочуваат позитивната слика за себе, и за таа цел, може да пројават однос кон другите со навредување или потценување. Или пак, почнуваат да ги интернализираат зборовите и гласовите кои ги слушаат, и така се раѓа внатрешниот критичар.

Внатрешниот критичар се разликува во начинот на кој се пројавува

Секој внатрешен критичар има своја функција, а таа може да се движи од емпатичен поттик за подобрување до самоказнување преку критиката и предизвикување чувства на срам и вина. Внатрешниот критичар, вообичаено не се манифестира во една форма, а таа најчесто зависи од нашето моментално расположение.

Какво влијание има самокритицизмот врз нас?

Самокритичкиот внатрешен говор е најчесто интернализација на содржини од личност која критикува, од нашето минато (или сегашност). Внатрешниот говор може да ни служи да нè мотивира, но често оваа мотивација има и цена.

Професорот Kristin Neff објаснува дека кога сме претерано критични кон себе, нашиот мозок реагира многу слично како кога сме критикувани од други. Мозокот, притоа, ослободува стрес хормони (како кортизол и адреналин). Кога се самоказнуваме преку внатрешениот говор, ние бидејќи се напаѓаме себе си, стануваме воедно и жртва и агресор, што значи се ослободува уште повеќе кортизол. Ако ова трае долго, зголеменото ниво на стрес хормони го нарушува нашето ментално и физичко здравје.

Психолозите наведуваат некои битни елементи при справувањто со овој дел од себе

Потиснувањето и негирањето на внатрешниот критичар не помага  (барем не долговремено) – Многумина од нас се обидуваат да се ослободат од негативниот внатрешен говор преку игнорирање или негирање. Парадоксално, потиснувањето само го интензивира критичарот во нас. Ова прави да се самокритикуваме уште повеќе, поради тоа што се самокритикуваме.. и така влегуваме во еден магичен круг.

Внатрешниот критичар има функција на заштита (не е тука само за да ни пречи, туку да ни помогне) – Психологот Paul Gilbert појаснува дека внатрешниот критичар често изразува лутина. Ние го создаваме за да нè штити од нешта кои може да нè повредат, како што е чувството на ранливост. Лутината маскира емоции поради кои се чувствуваме ранливо и несигурно – страв, тага, вина, срам.

Внатрешниот критичар е манифестација на чувството на страв – Најчесто силеџиите и агресорите покажуваат лутина поради чувство на страв. Оваа динамика се случува и внатре во нас.  Токму поради тоа Gilbert ни препорачува поинаков, контраинтуитивен начин на справување со внатрешниот критичар.

Луѓето главно  веруваат дека ако го стишат внатрешниот критичар, ќе станат самодоволни, мрзеливи, неиницијативни, нездрави, повлечени и незаинтересирани. Се плашат и веруваат дека без критика, чувство на срам и вина, не би се потрудиле да ги направиме нештата подобри, да ги довршуваме и да одиме напред. И до одреден степен, ова може да биде точно. Доколку немаме никаков фактор за екстринзична (надворешна) мотивација, може да не се обидуваме да постапуваме подобро, да не учиме од своите грешки, да не ги подобруваме своите релации и да не завршуваме доволно активности.

Не е секогаш лесно да се стиши и трансформира критичарот

Пред да ни стане проблем, внатрешниот критичар најчесто о постоел подолго време. Неговата функција е да штити и да мотивира, а тоа се силни човекови пориви.

This image has an empty alt attribute; its file name is inner-crit..png

Наместо да го потиснуваме, помудро е да бидеме почувствителни и поконструктивни во пораките кои ги упатуваме кон себе си. За ова е потребно свесно делување, волја и истрајност. Здравиот внатрешен говор значи да зборуваме кон себе си како кон наш најдобар пријател или некој кого го сакаме, особено во состојба на слабост и ранливост. Понекогаш, тешко согледуваме дека сме престроги кон себе и дека не си ја даваме на себе поддршката која би ја дале на најдобар пријател.

Како психотерапијата ни помага да се справиме со внатрешниот критичар

Ги идентификува причините кои стојат во позадина – психотерапијата помага да се увиди значењето на претходното искуство врз нашето сегашно живеење и однесување, главните верувања, мислите и емоциите кои го покренуваат внатрешниот критичар.

Промена на верувањата кои не нè водат кон развој – штом ги согледаме, психотерапијата ни помага во реедукација и трансформација на негативните, ирационални мисли со кои си штетиме. Истовремено, ни помага да воспоставиме пореална и поздрава шема на размислување.

Промена на навиката – внатрешниот критичар често се јавува кога не сме во контакт со тоа што го правиме, т.е не обрнуваме внимание кога возиме, миеме садови или што и да правиме друго во моментот и празнината ја пополнуваме со атоматски негативни мисло.

Навиките во размислувањето како „не кажувај ништо на час/на состанок, ќе испаднеш глупав/а“ само нè прави анксиозни и нè ограничува во самоизразувањето. Психотерпијат нè учи како да го препознаеме ова и да се ослободиме од навиката на критичко рзмислување.

Пренагласеното критичко размислување може да нè однесе во ментална блокада и обесхрабреност да правиме внатрешни и надворешни промени. Ова може да ја нагласи анксиозноста, депресијата, лутината или безнадежноста.

Алтернативата е развивање внатрешен говор кој е емпатичен, поддржувачки и инспирирачки (да, возможно е). Сепак, критичкиот говор на некој начин е водич кој има за цел ваша заштита и напредок. Зависно од тоа како го негувате, може да ве мотивира, штити или да ве казнува. Психотерапијата може да ви помогне да развиете поздрава, поефикасна и поддржувачка замена на внатрешниот говор. Алтернативниот говор би носел – водство, сигурност и мотивација.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.