Спротивните ефекти на потиснувањето на мислите

Многу истражувања покажале дека кога сакате да заборавите некоја мисла кога сте во стресна ситуација, може да се јави спротивен ефект: мислата се враќа уште позасилена.

Класичен пример е следниот: не мислете на бела мечка. Луѓето на кои им било кажано да ја потиснат таа мисла, типично мислеле дури два пати повеќе од луѓето на кои не им било кажано дa ја потиснат истата.

8 Иронични ефекти на потиснувањето на мислите

Некогаш нашите мозоци се „непријателски“ настроени кон нас. Така, некогаш кога сакаме да направиме некоја работа, мозокот како да е решен да го направи токму спротивното.

Следат осум примери за ваквите иронични ефекти кои влијаат врз нас и нашиот секојдневен живот:

1. Забранета љубов

Во една студија на испитаниците им било кажано да играат игра која се состоела од допирање на стапалата под маса помеѓу нив самите, поделени во парови. На некои од паровите им било кажано да го скријат тоа што се случува под масата, додека на други не.

Резултатот покажал дека играњето тајно под масата предизвикало паровите да се привлекуваат повеќе. Подоцна кога се обиделе да ја потиснат таа привлечност, таа се вратила многу појака од првиот пат.

Затоа е многу тешко да се ослободите од мислите во моменти кога се погрешни. И колку повеќе сакаме да не ги мислиме истите во даден момент, толку повеќе тие се враќаат позасилени.

2. Нетактичност

Во една од епизодите на британската серија Fawlty Towers, сопственикот на хотелот Basil Fawlty служи група на германски туристи и се обидува да ја избегне темата за војната. Колку повеќе се обидува да ја избегне, толку повеќе ја спомнува. Ако сте ја виделе сигурно сте ја запомниле, ако не може да ја погледнете сега:

Ова е вистински пример за како кога сте под притисок и кога се обидувате да не спомнете нешто, сепак тоа нешто може да најде начин да излезе од вас.

Во една студија бил истражуван токму овој феномен. Испитаниците почесто се издавале откако строго им било кажано да чуваат нешто како тајна, отколку кога не им било кажано дека е тајна.

3. Предрасуди

Малку засрамувачки за нас е кога латентните предрасуди се обелоденети и покрај обидите да ги скриеме. Понекогаш,  колку и да се обидуваат луѓето да бидат културни едни со други, толку повеќе случајно го искажуваат својот расизам, сексизам, хомофобија или било која друга предрасуда која ја имаат.

4. Неможност да не мислите на одредена работа

Неможноста да мислите на определена работа влијаела негативно врз многу спортски кариери, како аматерски така и професионални. Најмногу оваа појава се асоцира со голфот – се однесува на неповратната загуба на моторните способности кои им се случуваат на играчите. Професионалците кои можеле да ја погодат топката прецизно, наеднаш стануваат полоши и од почетниците или од аматерите. И колку повеќе се фокусираат на топката, толку им станува се потешко и потешко да ја погодат.

Една студија открила дека кога на фудбалерите би им било кажано да избегнуваат определен дел од голот за време на изведување на пенал, тогаш тие поминуваат повеќе време мислејќи на тоа место.

5. Се чувствувате нерасположено

Нашите емоции се исто така наклонети на иронични ефекти како и нашите мисли. За жал кога луѓето се обидуваат да ја потиснат депресијата, таа често се враќа со одмазда. Поради оваа причина стандардните психолошки терапии избегнуваат  потиснување на мислите и се фокусираат на дистракција и прифаќање.

6. Болка

Има определени докази кои потврдуваат дека потиснувањето на болката може да биде добра работа. Сепак, треба да бидеме внимателни во врска со ова, бидејќи не е докажано во целост.

Има примери кои кажуваат дека прифаќањето на болката е подобра стратегија, отколку да ја отфрлите или да се справувате со неа спонтано.

7. Не можете да спиете

Секој од нас кој некогаш се обидел да заспие на сила знае дека тоа е невозможно. Колку насилно сакате побрзо да заспиете, толку повеќе ќе останете будни.

Ова е тоа што научниците го откриле во едно вакво истражување. Затоа се вика потонување во сон или заспивање – тоа е мисла која вие треба да ја направите спонтано.

8 Иронични ефекти на потиснувањето на мислите

8. Кошмари

Луѓето најверојатно ќе ги сонуваат работите за кои се обидуваат да ги избегнуваат. Без разлика дали се емоционални или неутреални теми, користејќи потиснување само ќе направи што почесто тие теми да ви се појавуваат во вашите соништа.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.