Верувањата и однесувањата се исклучително значајни за личноста бидејќи во голема мера го креираат начинот на живот. Врз нив, се темели функционирањето на личноста, односно нејзините мисли, чувства и однесување. Влијаат врз квалитетот на живеење, одлуките, изборите кои ги правиме, врз нивото на среќа, исполнетост и ја даваат животна смисла…
Тоа ги прави важни за преиспитување и, доколку е потребно, модификување. Верувањата во голема мера го обликуваат идентитетот на човекот и му даваат значење на неговиот живот.
Сржни верувања
Дел од верувањата кои управуват со однесувањето на личноста се сржни. Тоа значи дека ги одредуваат останатите верувања на личноста, правилата, ставовите и претпоставките. Сржните верувања по својот квалитет најчесто се глобални, ригидни и генерализирани. Може да бидат адаптивни, или не адаптивни, позитивни или негативни… Примери за сржни верувања:
- Животот е тежок
- Јас сум безвреден/а
- Животот е дар
- Јас сум посебен/а
Автоматски мисли
Сржните верувања ги определуваат и автоматските мисли. Тоа се оние мисли кои „прелетуваат“ низ главата, на периферијата на свесноста и брзо се губат, но затоа пак можат да поттикнат силни чувства, желби, очекувања или обвинувања. И покрај ваквата специфичност, автоматските мисли можат да се освестат.
Некои од верувањата и шемите на размислувања кои ги изградила личноста може да бидат и хипервалнетни. Тоа значи дека може да се активираат пречесто или несоодветно на реалноста, со што доведуваат до грешки во восприемањето, толкувањето и заклучуваењто. Сето тоа, во зависност од искривувањето, го отежнува функционирањето на личноста. Доколку личноста живее во согласност со мислењата – несоодветни за стварноста, искривени и неправилни… се доведува до општо влошена емоционална состојба, неоптимеално телесна состојба, нефункционално поведение и неприспособеност на ситуациите. Накратко, погрешните шеми на размислување водат до незадоволувачко и неефективно живеење.
Психотерапија
Психолошката поддршка и терапија им помага на луѓето да го изменат своето, во прв план мисловното функционирање, однесувањето и со тоа и емоционалното функционирање. Унапредувањето на мисловното функционирање и измената на верувањата резултира со позитивни промени на емоционалното функционирање. Терапиското делување делумно е едукативно. При работењето насоченоста е на сегашноста.