Стадиуми на тагување при загуба на блиска личност

Секој човек е смртен. Смртта е општа појава која се сретнува насекаде и постојано е присутна. Често меѓу луѓето се доживува како непотребна, неоправдана, штетна и бесмислена, но оваа појава е природна и нормална. Во ставот кон смртта кај луѓето чести се и запоставувањето, прикривањето, па дури и одрекувањето на смртта.

Стадиуми на тагување при загуба на блска личност

Соочувањето со темата смрт, е можноста за поставување сериозни прашања како: Дали има смисла и вреди мојот живот? На што да го посветам остатокот од животот? Што ќе се случи со мене после смртта? Што сакам да оставам зад себе кај блиските по напуштањето на овој свет? На овој начин се прави проценка за сопствениот живот, се (пре)открива смислата на животот, се поттикнува правење на промени во целите и задачите во животот и слично.

Чувствата кои се јавуваат кај луѓето во однос на смртта се различни, но оние кои најчесто се јавуваат се – страв, ужас, гнев, лутина, или незадоволство.

Тагувањето по блиските личности кои сме ги изгубиле е процес низ кој во неколку стадиуми се надоврзуваат емоционални реакции. Живите треба да се соочат со загубата продолжувајќи да живеат.

  1. Првиот стадиум на тагување е сознанието дека лицето се упокоило. Во овој стадиум најчесто се јавува емоционална тапост. Малку се покажуваат чувства, бидејќи присутни се шокот, неверувањето и збрканоста…Овој стадиум трае кусо, но на некој начин заштитува од голем стрес и дава време за приспособување на тешката вистина.
  2. Во вториот стадиум се јавува протести и жолчност поради освестувањето за загубата. Често се јавуваат кризи на плачење, бес, надразливост бидејќи смртта го грабнала саканото лице.
  3. По извесно време, чија должина варирам, но е некаде до крајот на првата година по смртта, се јавува третиот стадиум на дезорганизацоја и депресија. Се јавуваат апатија, незаинтересиранот, замор, чувство на вина што тој/таа останал жив/а, конфузија, потреба да се евоцираат спомени. Во овој период потребна е поддршка од ближните или од професионалец заради справување со загубата.
  4. Последниот стадиум е закрепнување. Здравото разрешување на загубата е можна со изразување на тешки емоции. Но, во секој случај, потребно е да поминат барем две години за да се обноват контактите, да се излезе од дома, да се започнат нови активности. Сепак, во случаи на загуба на дете, особено ако се случи во несреќа, злосторство или самоубиство, тагувањето не знае за време.

 

Совети од сихолозите при справување со загубата на блиска личност

Професионалците за душевно здравје препорачуваат изразување на емоциите во врска со смртта; да се биде активен (на пример, да се излегува на прошетка), како и да се води дневник на своите чувства. Ако загубата е силна и трауматична, како при загуба на дете, потребно е советување, емоционална поддршка како и групи за самопомош. Приспособувањето, дружењето, вршењето на секојдневните активности, ново осмислување на продолжувањето на живеењето е олеснето ако оној кој тагува е опкружен со пријатели, роднини во сигурна и пријатна околина.

 

Извор:

Мурџева-Шкариќ, О. (2010) Психологија на возрасните и на стареењето. Скопје: Филозофски факултет

Јанаков, Б. (2010), Личност (работен материјал). Скопје: Филозофски факултет



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *