Сте го заборавиле пинот или не знаете каде ви се клучевите? Затворете ги очите

Ако стоите пред банкомат и сте го заборавиле пинот или пак полoвина час се шеткате низ дома со надеж дека ќе го пронајдете клучот кој сте го загубиле, најдоброто решение е да ги затворите очите. Потоа длабоко земете воздух и испуштете го и обидете се да се сетите на заборавените информации, тврдат научниците од едно британско училиште.

Сте го заборавиле пинот или не знаете каде ви се клучевите? Затворете ги очите

Тие го тестирале помнењето на повеќе од 200 мажи и жени на тој начин што ги ставиле во една простирија и им рекле да ја разгледуваат. Потоа ги прашувале во врска со работите што биле таму. Тие ги поделиле во две групи. Првата која се обидувала да се присети со помош на техниката на затворени очи, додека другата без затварање на очите.

Тие со затворени очи речиси 71% одговарале точно, додека оние со отворени очи точно одговарале само 49% на прашањата.

Научниците заклучиле:

„Со затварањето на очите ние се одвојуваме од овој свет и се повлекуваме во сопствениот каде што можеме многу полесно да се сконцентрираме, а мозокот тогаш работи подобро.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.