Страв и видови на страв

Неопходноста за задоволување на желбите преку размена со објектите во надворешниот свет, во голема мера ја оправдува динамиката на личноста. Средината која не опкружува го снабдува гладниот организам со храна, а жедниот со вода.

Освен својата улога како извор за снабдување, надворешниот свет има улога и удел во обликувањето на личноста.

Средината има моќ да предизвика болка и да ја зголеми напнатоста, како и да предизвика пријатност и да ја намали напнатоста. Таа може да вознемирува и може да смирува. Вообичаената реакција на поединецот на надворешната закана за болка и разорување, за кое не е подготвен, е да стане уплашен. Загрозената личност е обично плашлива личност. Изложено на прекумерни надразнувања над кои не е способно да оствари надзор, јас (его) станува преплавено со страв.

Страв и видови на страв

Според Фројд постојат три видови на став:

  • Реален страв
  • Невротичен страв
  • Морален срав (чувство на вина)

Реалниот страв претставува страв од реални опасности во надворешниот свет. Од него се изведени другите два типа страв.

Невротичниот страв е страв дека инстинктите ќе го избегнат надзорот и ќе ја натераат личноста да направи нешто за што ќе биде казнета. Невротичниот страв е страв од самите инстинкти, исто колку што е и страв од казна која веројатно ќе следи поради задоволувањето на инстинктите. Невротичниот став има основа во стварноста, бидејќи светот олицетворен во родителите и други авторитети го казнуваат детето за импулсивниот акт.

Моралниот страв е страв од совеста. Луѓето со длабоко развиено над-јас (супер его) се склони да се чувствуваат виновни кога ќе сторат, или само ќе помислат да сторат нешто што е спротивно на моралните правила според кои се воспитувани. За нив се вели дека имаат силно чувство на грижа на совест.

Моралниот страв исто така има реална основа. Личноста во минатото била казнувана поради кршење на моралните правила и може повторно да биде казнета. Функцијата на стравот е да ја предупреди личноста на блиската опасност. Опасноста може да расте се додека јас не биде поразено.

Стравот е состојба на напнатост, тоа е нагон како што се гладот и сексот, но наместо да е настанат од внатрешна состојба на ткивата, тој е производ првенствено на надворешни причини. Кога стравот е предизвикан, тој ја мотивира личноста да направи нешто. Таа може да побегне од областа која ја загрозува, да го закочи опасниот импулс или да се потчини на гласот на совеста.

Доколку стравот не може да биде совладан со ефикасни мерки станува збор за трауматски страв. Тој ја доведува личноста до состојба на инфантилна безпомошност. Всушност, прототип на сите подоцнежни стравови е траумата при раѓањето. Новороденчето е бомбардирано со дразби од светот, за кои не е подготвено и на кои не може да се прилагоди. На бебето му е потребна заштитна средина за неговото јас да добие прилика да се развие до степен кога ќе биде способно да се справи со јаките дразби од околината.

Кога јас не може да се справи со стравот со помош на рационални методи, мора да се повлече на нереалистичнит.

 

Извадок од: Основи на психоанализата – Вангелица Гаврилова




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.