Стресот како нераскинлив дел од човековиот живот

Основач на поимот стрес е Ханс Сели (Hans Selye). Тој забележал дека многу болести почнуваат на клинички нејасен начин, така што во почетокот многу од нив изгледаат слично и лекарите се на мака да одредат дијагноза, односно да одредат терапија. Подоцна Сели во својата лабораторија во Монтреал ги открил основните знаења за стресот и неговата физиолошка основа. Ханс Сели стресот уште го нарекол „синдром на општа адаптација“.

Стресот како нераскинлив дел од човековиот живот

Обичниот човек во текот на својот живот, при извршувњето на дејноста или во комуникација со луѓето, секогаш е соочен со можноста да биде подложен на стрес – особено ако човекот е одговорен спрема својата работа, има строги обврски на време и квалитетно да ги изврши работните задачи, а при тоа сретнува одредени пречки кои предизвикуваат вознемиреност.

 Причини за појава на стресот се голем број различни околности и фактори, како што се:

  • економски,
  • социјални,
  • психички,
  • здравствени,
  • политички,
  • емоционални,
  • морални и други чинители.

Кога настапува стресна состојба, организмот врши мобилизација на големи количини енергија, подигнувајќи ги органските функции на највисоко ниво за да се осигура опстанок и надминување на опасноста со цел да се одбрани своето право на егзистенција.

Кога ова ќе се доведе во врска со состојбата на организмот, можеме да речеме дека стресот е состојба на напнатост што настанала под притисок на одредени околности, под оптоварување.

Три фази на стресот (физиологија на стресот)

  • фаза на аларм
  • фаза на отпор
  • фаза на исцреност

Фазата на аларм – претставува узбуна, т.е. состојба на општа мобилизација, како подготовка на организмот за зголемени физички и психички напори. Таа е дел од нашето биолошко наследство, а смислата е подобрување на способноста за дејствување – или борба или бегање. Се зголемува силата и брзината на сите реакции на организмот, а особено на мускулите.  Настапува општа будност и претпазливоста е крената на висок степен.

Фазата на отпор – ги смирува последиците на општата активност на организмот.

Во фазата на аларм организмот се поведува како “пијан милионер”, бидејќи со нештедење ги расипува сите свои моќи, не прашувајќи за последиците и за цената на таквото поведение. Во фазата на отпорност организмот се обидува да ја смири потрошувачката на енергија, хранливите супстанции исцрпувањето на функцоналните системи.

Пореметената состојба во организмот трае и понатаму, но се е стивнато, во настојување да се сочуваат резервите со кои организмот располага.

Фазата на исцрпеност – е реална ако првите две фази траат многу долго. Доаѓа до тотално кршење на функционалните системи на организмот, слабее хармоничката поврзаност и чудесната урамнотеженост на организмот почнува да се распаѓа. Општата неотпорност владее во организмот.

 

извадоци од:

Психологија на здравјето – проф.д-р Стојан Пржовски




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.