Суманути идеи

Во психијатријата, суманутоста се смета за пореметување на психичките функции во мислењето кои се рефлектираат на содржината на мислењето. Дијагностички обележја на суманутоста се:

  1. Лични уверувања, односно длабока убеденост на пациентот во одредени работи, ситуации, состојби, а кои не се засновани на принцип на реалитет.
  2. Суманути идеи настануваат на болна основа и не подлежат на корекција. За разлика на пр. од заблудата која со информирање може да се корегира, суманутоста никогаш не попушта пред вербалните и логички маневри. Ако изгледа како да попушта тогаш пациентот ве лаже, а позитивниот ефект од разговорот нема да трае долго.

Крајно е незгодно кога член на семејството ќе почне да покажува знаци на суманутост. Членовите на семејството со саати, денови, па дури и години настојуваат да раговараат, се лутат, разочаруваат, се грижат но никогаш не се откажуваат да објаснат и докажат дека реално не постои никаков темел за таквиот начин на размислување.

Не е тешко да се препознаат таканаречените параноидни суманути идеи. Тие се несистематизирани, флуидни (се менуваат темата, содржината, но сè е на суманути калап) и на прв поглед се бизарни.

Во минатото суманутите идеи воглавно биле поврзани со мистични појави (пр. влегување на ѓаволот во нечие тело). Со развојот на индустријата и техниката тие се „модернизирале“, па така сега се јавуваат во идеи на прогон преку невидливи зраци (струјата која го прогонува болниот).

Медикаментите и поддршката од семејството се најважни како помош за пациентот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.