Светски ден на менталното здравје – Ментално здравје на работното место

Светскиот ден на менталното здравје се обележува секоја година на десетти октомври (10.10). Оваа година, светскиот ден на менталното здравје се фокусира на темата: менталното здравје на работното место. Оваа тема е значајна бидејќи најголемиот дел од лицата со нарушувања во менталното здравје се на возраст од која се поврзува со работоспособност, а намалувањето на продуктивноста поради нарушувања во менталното здравје, како што е анксиозноста и депресијата, е сè позачестено.

Благосостојбата на работното место влијае врз здравјето и продуктивноста, а негативната работна средина може да доведе до физички и ментални здравствени проблеми, консумација на алкохол и злоупотреба на супстанции. Ризикот од развивање на депресија, стрес и „согорување“ поврзано со работата, може да се надмине преку справување со некои од ризиците за менталното здравје на работното место, како на пример:

  • Несоодветни политики за здравјето и безбедноста;
  • Слаби комуникациски и менаџерски практики;
  • Ограничено учество во донесувањето на одлуки или мала контрола врз дел од работата;
  • Ниско ниво на поддршка за вработените;
  • Нефлексибилно работно време;
  • Нејасни работни задачи или организациски цели.

Според едно неодамнешно истражување на СЗО, се проценува дека проблемите со нарушувањата на менталното здравје кои се рефлектираат на работната ефикаснот, глобалната економија  ја чинат една милијарда долари на годишно ниво, поради намалената продуктивност. Само во Европскиот регион на СЗО, проценетите трошоци надминуваат 140 милијарди долари годишно. Друг значаен наод е дека, во споредба со другите здравствени состојби, депресијата и анксиозните нарушувања наметнуваат 30% повисоки давачки на работодавачот и економијата (поради подолгите просечни периоди од работа). Ова се само бројки во поглед на економскиот аспект на проблемот, само како еден од другите, битни аспекти.

Интервенциите и практиките кои го штитат и унапредуваат менталното здравје на работното место вклучуваат професионалци за ментално здравје кој им помагаат и им се на располагање на вработените, ги вклучува во донесувањето одлуки и поддржува биланс помеѓу работата и другите животни области на работиниците.

Менталното здравје на работа се однесува, како на влијанието од работното место врз менталното здравје на луѓето, така и на влијанието на проблемите поврзани со менталното здравје на работното место.

 



Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *