Својства на личноста

Личноста е еден од централните предмети на изучување на теоретската и применета психологија. Се изучуваат психичките својства и односите на личноста (општа психологија на личноста), индивидуалните особености и разликите меѓу луѓето (диференцијална психологија), интерперсоналните врски, статусот и улогата на личноста во разни заедници (социјална психологија).

Својства на личноста

Личноста е објект и субјект на општествените односи и процеси. Одредена е од севкупните животни услови. Продукт е на животот на средината во која суштествува. Сврзана е со луѓето, особено од сопствената класа и професионалната група, со општествени движења и процеси. Објект е на бројни економски, политички, правни, морални и други влијанија.

Личноста е конкретно-историска. Сврзана е со современоста. Сведок и учесник е на настани и збиднувања од определен историски период. Од друга страна, личноста е субјект на историјата.

Составки на личноста

Статусот, социјалните функции, целите и вредностите се првични личносни својства.

Статусот во општеството – зададен е од системот на општествени односи. Тој објективно го одредува местото на личноста во социјалната структура, нејзините права и обврски. Тој е основа на начинот на живеење на една особа, условите во кои живее и настаните од нејзиниот живот.

Со статусот е сврзана позицијата на личноста. Позицијата е сложен систем на личносни односи, ставови, мотиви со кои се раководи во дејноста, цели и вредности кон кои е насочена нејзината вредност.

Целите и вредностите на личноста исто така се базираат врз статсот и се во постојана врска со него. Материјалните и духовните вредности се стимулатори на психичкиот развој. Целите и вредностите на живеењето се јадро на внатрешниот свет на личноста.

Внатрешниот свет на единката е составен од животни цели, вредности, планови и перспективи, лични доживувања, концепти аспирации. Тој е показател на духовното богатство на единката (Анањев,1977).

 

Извадок од: Диференцијална психологија – д-р Анита Ристевска



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.