Tалкање на умот

Според резултатите од едно ново истражување спроведено на групи студенти, недостатокот на концентрација може да се победи со помош кратки техники за ширење на свесноста.

„Талкањето“ на мислите во основа се поврзува со зголемениот стрес и недостатокот на академски успех.

Како да го спречите талкањето на умот?

Во една неодамнешна студија објавена во списанието „Frontiers in Human Neuroscience“, испитаниците биле поделени во две групи: едни кои минале низ обука за користење на техники за ширење на свесноста, а други (контролна група) кои не користеле вакви техники. Обуката низ која минале испитаниците се одржувала еден час неделно во текот на седум недели. Сите испитаници биле тестирани за тоа колку нивните мисли „талкаат“ преку тест кој мери одржување на вниманието.

Студените кои минале низ обука за користење на техники со кои ја одржувале концентрацијата, всушност учеле – да бидат свесни за активноста во нивниот ум, како и да го одржуваат фокусот на сегашниот момент.

Една од придобивките на техниките е дека кога се проширува свесноста, потешко е да се размислува за нешто друго, односно – да се грижиме за она што се случило во минатото, или за тоа што ќе се случува во иднината.

Резултатите покажале дека групите во почетокот не се разликувале во постигнувањата, но до крајот на експериментот, испитаниците кои минале низ обука постигнале значајно подобри резултати.

Amishi Jha, една од авторите на истражувањето изјавува:

„Оваа истражувачка работа беше првата која интегрира обука за ширење на свесноста во академски семестар, со вметнување на обуката во распоредот на студентите.“



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.