Техники на емоционална слобода (Emotional Freedom Techniques)

Техники на емоционална слобода (или ТЕС) се техники на емоционално лекување, кои се базирани на револуционерно откритие кое ги крши повеќето верувања на конвенционалната психологија. Таа тврди дека причината за сите негативни емоции е нарушување на енергетскиот систем во телото.

Во суштина, ТЕС е форма на „психолошка акупресура“ – освен што не користи игли. Пристапот ги ублажува симптомите преку каптирање од различни локации на телото. Ова каптирање ги балансира енергетските меридијани кои се нарушуваат кога мислиме или искуствено минуваме низ некои емотивно вознемирувачки околности. Откако организмот е избалансиран, вознемиреноста е обично значително намалена, со тоа што меморијата останува, но емотивниот набој го нема. Обично резултатот е траен и е исто така придружен со позитивни промени во размислувањето. Овие техники лесно може да се научат и се идеални за самопомош.

ТЕС е формирана од страна на американскиот клинички психолог Роџер Калахан. Тој открил дека со стимулирање на акупресурните енергетски точки кај пациентите, организмот може да се доведе до психолошко ослободување од напнатоста.

Гери Крег кој студирал со Калахан идентификува сеопфатен сет на сите енергетски точки кој може да се примени за лекување на кој било емоционален проблем.

Тој ова го нарекува „техники на емоционална слобода“ преку која, со овој пристап постигнува одлични резултати на широк спектар, како на емоционален, така и на физички план.

ТЕС успешно се применува за лекување на широк спектар на емоционални проблеми и нарушувања, вклучувајќи вознемиреност, стравови, фобии, траума, пострауматско стресно нарушување, тага, лутина, вина итн.

Исто така се применува за подобрување на ефикасноста и подобрување на интерперсонални односи и релации. Она што е интересно во врска со ТЕС е дека секој може да го научи и да го користи овој пристап во помагањето на самиот/та себеси. Додека некои проблеми бараат упорност со техниките во текот на еден временски период, некои ќе имаат потреба од интервенција на квалификувани терапевти.

Забелешка: Иако ТЕС има постигнато одлични резултати на многу физички нивоа, на техниките не треба да се гледа како на замена за соодветна медицинска грижа и секогаш треба да се користат во комбинација со медицински консултации и интервенција за такви услови.

 

Извор: Чепреганов, М., Костовска, Т. (2012) Стресот и ние. Штип: НУ-УБ „Гоце Делчев“



Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *