Тест: Дали сте осамени?

Прочитајте го секое тврдење и заокружете го бројот кој најдобро опишува како се чувствувате.

1 – Воопшто не се однесува на мене

2 – Во главно не се однесува на мене

3 – Во главно се однесува на мене

4 – Целосно се однесува на мене

Американскиот писател John Stainbeck, во две години помина два пати по осум месеци потполно сам на планината Sierra Nevada. Открил дека многу брзо престанал да го говори своето писмо и да чувствува некои од вообичаените емоции. Тој сфатил дека тие емоции се последица на интеракцијата и разговорите со другите луѓе, а кога човекот е потполно сам станува различно битие. Изгледа дека својата човекова природа можеме да ја оствариме само во интеракција со другите луѓе.

  1. Во складни односи сум со луѓето околу себе.
  2. Ми недостига друштво.
  3. Немам никој на кого можам да се обратам.
  4. Немам чувство дека сум сам/а.
  5. Имам група на пријатели во која припаѓам.
  6. Имам многу заедничко со луѓето околу себе.
  7. Повеќе со никој не сум близок.
  8. Моите идеи и интереси не ги делат луѓето околу мене.
  9. Јас сум отворена личност.
  10. Близок/ка сум со некои луѓе.
  11. Луѓето не ме забележуваат во своето друштво.
  12. Моите друштвени односи се површни.
  13. Никој не ме познава навистина добро.
  14. Се чувствувам изолирано од другите.
  15. Кога посакувам друштво можам да најдам.
  16. Постојат луѓе кои навистина ме разбираат.
  17. Несреќен/на сум што сум толку повлечен/а.
  18. Луѓето се околу мене, но не и со мене.
  19. Има луѓе со кои можам да разговарам.
  20. Има луѓе на кои можам да се обратам.

 

Резултати:

Заокружете ги прашањата 2, 3, 7, 8, 11, 12, 13, 14, 17 и 18. Броевите кои сте ги дале за овие прашања, претворете ги според следниот клуч:

1 = 4; 2 = 3; 3 = 2; 4 = 1

Потоа избројте ги бодовите на сите тврдења.

  • До 26 бодови – Моментално се чувствувате осамено и во вашиот живот недостигаат луѓе и блискост.
  • 27 до 44 бодови – Не се чувствувате особено осамено, рамномерно сте задоволни со своите односи со луѓето.
  • Повеќе од 44 бодови – Задоволни сте со своите односи со луѓето; во вашиот живот има доволно луѓе и доволно блискост.


Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *