Тест: Дали се плашите од блискост?

Прочитајте ги изјавите кои следат и проценете колку се согласувате со секоја од нив.

 

6 = целосно се согласувам

5 = се согласувам

4 = повеќе се согласувам отколку што не се согласувам

3 = повеќе не се согласувам отколку што се согласувам

2 = не се согласувам

1 = воопшто не се согласувам

 

  1. Ризично е да се зближувам многу со луѓето.
  2. Повеќе сакам луѓето да се држат подалеку од мене.
  3. Се плашам да се зближам вистински со некој бидејќи се плашам дека можам да бидам  повреден/а.
  4. Во најдобар случај истовремено можам да поднесам само еден до два блиски пријатели.
  5. Тешко е да им се верува на другите.
  6. Избегнувам интимност.
  7. Ме плаши блискоста со луѓето.
  8. Се колебам да откривам лични информации за другите.
  9. Многу е ризично да се биде близок со другите.
  10. Најважното што треба да се има на ум во некои односи е дали може нешто да ме повреди.

 

Резултати:

Соберете ги оценките на согласност кои ги дадовте во врска со изјавите.  Според резултатите на истражувањата (Rutter & Scwarts) ако вашиот збир е помал од 20, интимноста не е препрека за развој на вашите односи. Но доколку вашиот збир е поголем од 36, веројатно имате проблем со воспоставувањето близина. Луѓето со високи резултати на овој прашалник имаат тенденција да ја доживуваат блискоста како нешто ризично. Се чувствуваат сигурно кога се на дистанца од другите и кога имаат многу тесен круг на пријатели. Многу се внимателни во односите и кога конечно ќе се одлучат да се впуштат во некој близок однос, нештата се одвиваат многу бавно. Сепак, за нив блискоста не е нешто невозможно, но потребно им е повеќе време за да станат со некој навистина блиски.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *