Тест: Дали сте перфекционист?

Означете во кој степен се согласувате со секоја од наведените реченици. Интерпретацијата на својот резултат погледнете ја подолу.

5 = Целосно се согласувам

4 = Делумно се согласувам

3 = Ниту се согласувам, ниту не се согласувам

2 = Делумно не се согласувам

1 = Воопшто не се согласувам

 

  1. Важно ми е сите да ме сакаат и прифаќаат.
  2. Сè што правам морам да го направам потполно стручно и совршено.
  3. Подобро нема да се обидам, отколку да направам грешка.
  4. Страшно е кога во некои ситуации ќе испаднеш глупав или кога ќе се посрамотиш.
  5. Идеален однос е возможен, само ако ја најдам вистинската особа.
  6. Не можам да поднесам кога некој ме критикува.
  7. Ако не успеам во нешто, се чувствувам многу лошо.
  8. Повеќе очекувам од себе отколку што другите очекуваат од мене.
  9. Се откажувам ако ми се чини дека нема да успеам во задачата.
  10. Работите кои морам да ги направам неретко ги одложувам до последниот момент.
  11. Повеќе сум насочен/а кон можен неуспех, отколку на потенцијален успех.
  12. Повеќе од другите луѓе обрнувам внимание на детели.
  13. Кога ќе направам грешка се обидувам да ја прикријам.
  14. Тешко ми е да признам дека нешто не знам.
  15. Се грижам што ќе мислам другите луѓе за мене ако погрешам.
  16. Избегнувам некои ситуации бидејќи се плашам дека може да излезам глупав/а.
  17. Избегнувам да преземам некои работи бидејќи се плашам дека може да доживеам неуспех.
  18. Преземам премногу работи, па не сум во можност да завршам сè како што треба.
  19. Често во главата ги вртам ситуациите во кои сум направил/а или кажал/а нешто лошо.
  20. Многу се грижам за облеката, фризурата и шминката.

Резултати:

Соберете ги бодовите според степенот на согласност кој го дадовте за изјавите. Можете да имате од 21 до 105 бодови.

88 – 105 бодови

Вашиот резултат укажува дека перфекционизмот е главна движечка сила во вашиот живот. Колку повеќе бодови имате во овој опсег, толку повеќе сте склони на перфекционизам. Веројатно тоа ве прави помалку ефикасни отколку што би можеле да бидете. Би било добро да ја преиспитате вашата перфекционистичка наклонетост, бидејќи, веројатно ќе влијае на различни области во вашиот живот.

38 – 87 бодови

Имате нормални очекувања од себе и не поставувате неразумни цели кои невозможно е да ги постигнете. Не ви е сеедно што мислат другите луѓе за вас и не ви е сеедно дали ќе бидете успешни или не. Сепак, ваквите грижи не се најважната работа во вашиот живот.

21 – 37 бодови

Не само што не сте перфекционист, туку сте склони кон спротивниот екстрем. Не се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас и не се плашите од неуспех. Но веројатно не сте доволно внимателни и не поставувате цели кои можат да ве доведат до успех.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *