Многу луѓе имаат широка свесност за себе си. Тие често прекопуваат по своите мисли и чувства, некои од нив често се прашуваат и каков впечаток оставаат пред другите луѓе. Останатите не се земаат себе си толку сериозно и посветуваат помалку внимание на своите ментални процеси и реакциите од другите.
Психолозите Fenigstein, Scheier i Buss составиле прашалник преку кој можете да го дознаете степенот на вашата самосвесност.
Прочитајте го секое тврдење и проценете колку се однесува на вас. Ссекое тврдење бодувајте го според степенот на вашата согласност со него:
0 – воопшто не се однесува на мене
1 – главно не се однесува на мене
2 – не знам; ниту се однесува, ниту не се однесува на мене
3 – главно се однесува на мене
4 – целосно се однесува на мене
- Секогаш настојувам да се проценувам.
- Се грижам за начинот на кој ја извршувам работата.
- Општо кажано, многу сум свесен/на за себе.
- Потребно ми е време да ја надминам срамежливоста во нови ситуации.
- Многу размислувам за себе.
- Се грижам за начинот на кој се прикажувам пред другите.
- Често сум предмет на своите фантазии.
- Тешко ми е да работам додека некој ме гледа.
- Секогаш се анализирам себе си внимателно.
- Многу лесно ми станува непријатно.
- Свесен/на сум за впечатокот кој го оставам на другите луѓе.
- Тешко ми е да зборувам со непознати луѓе.
- Главно, обрнувам внимание на своите внатрешни чувства.
- Вообичаено обрнувам внимание за тоа дали сакам да оставам добар впечаток.
- Секогаш ги истражувам своите мотиви.
- Се чувствувам непријатно кога зборувам пред група.
- Една од последните работи кои ги правам пред да излезам од домот е да се погледнам во огледало.
- Понекогаш имам чувство како на себе да гледам од страна.
- Важно ми е што другите мислат за мене.
- Ме вознемируваат промените во моето расположение.
- Вообичаено сум свесен/а за својот изглед.
- При решавање на проблеми целосно сум свесен/а за начинот на кој функционира мојот ум.
- Големите групи ме прават нервозни.
Резултати:
Соберете го резултатот од оценките на согласност кои ги дадовте се секое тврдење. Колку што е поголем резултатот, толку е поголема вашата свесност за себе. Но, што со тоа? Дали е подобро да имате повеќе или помалку бодови? Зависи од околностите. Инаку, просечниот студиски резултат е 58 бодови.
Вашите резултати може да се анализираат посебно за различни видови самосвест. Тоа се:
- Приватна самосвест, односно обрнување внимание на своите мисли и чувства (соберете ги бодовите од прашањата 1, 3, 5, 7, 9, 13, 15, 18, 20 и 22; просечниот студиски резултат е 26).
- Јавна самосвест, односно обрнување внимание на впечатокот кој се остава на другите; (соберете ги бодовите од прашањата 2, 6, 11, 14, 17, 19 и 21; просечниот студиски резултат е 13).
- Социјална анксиозност: непријатност што се чувствува во присуство на други луѓе (избројте ги бодовите од согласноста на преостанатите тврдења 4, 8, 10, 12, 16 и 23; просечниот студиски резултат е 13).
Малку претходно беше спомнато дека интерпретацијата зависи од околностите. Со тоа се мисли на целите кои секој ги има во животот и општо на начинот на кој сака некој да живее. На пример, крајно високата приватна самосвест т.е. постојаното пребарување низ своите (по)мисли и чувства може да ја задуши спонтаноста, понекогаш и општата делотворност. Сепак, за еден поет тоа може да биде добра основа за уметничка инспирација, а за еден психотерапевт – нужен услов за разбирање на другите.
Вредноста на јавната самосвест е релативна, исто така. Преголемата грижа за впечатокот кој го оставаме на другите може да ни пречи да правиме било што – освен ако тоа не е во описот на нашата работа: доколку се занимаваме со глума, трговија, адвокатура, политика, или со слични самопрезентирачки активности.
Како и да се разгледува, социјалната анксиозност во најголема мера не носи корист за личноста. Ако имате високи бодови (максимумот е 24), пожелно е да побарате професионална помош која ќе ви помогне да надминете тешкотиите со социјалната анксиозност.