Тест: Колку сте подготвени за љубовна врска?

Една од најактивните области во истражувачката психологија го вклучува проучувањето на романтичните врски. Поврзаноста која ја имаме со другите луѓе е значајна за нашата среќа исто колку и нашата личност и здравјето. Проверете колку добро функционирате во оваа област преку овој краток тест составен од 10 прашања. Откога ќе завршите со одговарањето, проверете ги одговорите и изјавите кои се наоѓаат под прашањата и споредете ги со вашите резултати. Тест: Колку сте подготвени за љубовна врска? 1. Како партнерите кои минале низ развод можат на најдобро да продолжат со нивниот живот по разделбата?

2. Дали е подобро за партнерите да живеат заедно пред веридбата, за да одлучат дали да се венчаат?

3. Доколку партнерите не се согласуваат во раната фаза од врската, колку е веројатно работите да се подобрат со текот на времето?

4. Кои луѓе подобро си одговараат да бидат во врска – оние кои се личносно различни, или оние кои се слични?

5. Дали е точно дека половина од браковите завршуваат со развод?

6. Дали паровите кои бараат еднаквост во врската се позадоволни од оние кои сметаат дека само љубовта може да ги одржи заедно?

7. Дали најдобриот начин за решавање конфликтите меѓу партнерите е преку нивно избегнување?

8. Дали децата носат поголемо задоволство и исполнетост во врската?

9. Дали родителите кои постојано „лебдат“ над своите деца одгледуваат деца кои во младата зрелост се разгалени и нарцисоидни?

10. Дали присеќавањето на „добрите стари времиња“ е корисно или штетно за врската?

Како што можете да забележите, многу од прашањата немаат едноставен ДА/НЕ одговор. Прочитајте ги одговорите подолу за да дознаете колку сте близу до одговорите до кои е дојдено преку резултати од спроведени, релевантни истражувања на оваа тема.

1. Паровите најдобро поминуваат низ развод преку меѓусебно одржување на самопочитта. Еден од најпроблематичните аспекти на разводот е чувството на пропаднатост на врската и срам. Според истражувањата (Brandy Frisby и соработниците, 2012), паровите кои се трудат да се заштитат од овие чувства на срам најдобро се адаптираат на разводот. Тоа не значи дека тие мора да бидат најдобри пријатели, но оние парови кои се почитуваат меѓусебно, најдобро поминуваат низ разводот.

2. Живеењето заедно пред веридбата ја зголемува веројатноста за развод. Сепак, кај паровите кои живеат заедно по веридбата, не се зголемува веројатноста за развод. Се претпоставува дека негативните ефекти од живеење во кохабитација пред веридбата, се должат на донесување на одлука за заеднички живот поради практични, а не поради романтични причини.

3. Проблематичната врска не се подобрува со текот на времето. Психологот Ted Huston, од универзитетот во Тексас, во истражувањето кое го спроведе пронајде дека најголемиот број од начините на однесување воспоставени во раните години од врската на партнерите, настојуваат да преминат во „долготрајна динамичка“ шема. Дури и доколку партнерите се венчаат, нивните неефикасни методи за решавање конфликти најверојатно нема да доведат до взаемна согласност во секојдневниот живот.

4. Спротивностите не се привлекуваат, но различните партнери може да научат да живеат заедно и добро да функционираат. Сличноста на партнерите може да биде особено важна во почетокот на врската, но партнерите можат да научат да живеат со различностите и дури да имаат корист од нивните комплементарни личности, ставови и интереси. Според резултатите од истражувањето на Vanessa Bohnsи соработниците (2013), се додека партнерите делат исти вредности, тие може да имаат корист од разликите во однос на начинот на постигнување заеднички цели.

5. Верувањето дека 50% од браковите завршуваат со развод е претерано. Ваквото верување е мит. Статистиката вели дека стапката на разводи се пресметува со делење на бројот на разводите на годишно ниво според бројот на склучени бракови. Тоа значи дека различни луѓе стапуваат во брак и се разведуваат во текот на една година. Некои од разведените парови може да живееле заедно во брак 10, 20 или 30 години. Понатаму, стапката на развод е поголема за одреден дел од популацијата како на пример – помладите, пониско образованите и така наречените парови „склони кон развод“ кои се разведуваат и повторно венчаваат повеќе пати.

6. Еднаквоста е значајна во раниот период на врската. Теоријата на еднаквост предлага дека најголема е веројатноста да побарате нов/а партнер/ка кога ваквата „инвестиција“ ќе ви се чини вредна. Подоцна во врската, други фактори имаат поголема важност, посбено кога партнерите ќе развијат силни чувства за интимност и посветеност. Како што на почетокот еднаквите придонеси се значајни, така, како што чувствата се продлабочуваат, фокусот кон еднаквоста може да ја загрози вашата врска.

7. Избегнувањето е неефикасен метод за решавање проблеми. Избегнувањето на конфликтот може да биде корисно само доколку се користи привремено во ситуации каде има силен емоционален набој. Сепак, резултатите од истражувањата во областа на партнерска комуникација и интимност велат дека паровите кои избегнуваат конфликти, неизбежно е да се оддалечат еден од друг, незадоволството и лутината се засилуваат, а врската и задоволството од истата слабеат.

8. Преминот кон родителството не мора да ја „убие“ врската и романтичноста на партнерите. Според една голема анализа на 37 студии за преминот кон родителството (Mitnick, 2008), пронајдено е дека кај новите родители не се намалува степенот на задоволство од бракот повеќе од паровите кои се заедно во сличен временски период, а сè уште немаат деца. Луѓето кои неефикасно поминуваат во транзицијата кон родителството, најчесто се луѓе кои се помлади, поимпулсивни, повеќе насочени кон кариерата и психолошки нестабилни.

9. Родителите кои им помагаат на децата во периодот на младата зрелост имаат значајна улога во однос на нивното менталното здравје. Во едно истражување со лица во млада зрелост (некои и постари од 41 година), Karen Fingerman со соработниците (2012) дојде до заклучок дека кога родителите им помагаат на нивните возрасни деца во тешки периоди, нивните деца имаат психолошка корист од истото. Всушност, родителите кои се грижат дека се премногу „нападни“ и инволвирани во живот на нивните деца, можат повеќе да им наштетат на децата, од родителите кои им ја дават неопходната поддршка на децата во стресните искуства во животот.

10. Во ред е да се потсетувате на минатото со вашиот романтичен партнер. Едно релевантно истражување на оваа тема покажа дека потсетувањето на добрите денови од минатото на партнерите може да биде изненадувачки ефикасна „алатка“ во врската. Можете да ги заживеете романтичните чувства од старите денови, да ги слушате „вашите песни“ и да споделите смеа за некои мигови од заедничкото минато.

Доколку добивте преодна оценка за овој тест (6 или повеќе точни), тоа е одлично за вас. Дури и да имавте потреба да научите некои работи, овие одговори може да ви помогнат да ја постигнете исполнетоста која ја барате во вашите врски со блиските.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *