Тест за Самоефикасност

Прочитајте го секое тврдење и оценете го со еден од броевите зависно од тоа колку се согласувате со тврдењето.

1 – Воопшто не се согласувам

2 – Во главно не се согласувам

3 – Во главно се согласувам

4 – Целосно се согласувам

 

  1. Секогаш успевам да ги решам тешките проблеми ако се потрудам доволно.
  2. Дури и кога ќе ми се спротивстави некој, во состојба сум да пронајдам начин да го остварам тоа што го сакам.
  3. Уверен/а сум дека можам да ги остварам своите цели.
  4. Уверена сум дека можам успешно да се соочам со неочекуванте случувања.
  5. Благодарение на своите способности можам да излезам на крај со секоја непредвидена ситуација.
  6. Можам да ги решам повеќето проблеми ако вложам напор толку колку што е потребно.
  7. Кога ќе се појават тешкотии смирен/а сум бидејќи знам дека можам да се потпрам на својата способност за соочување и излегување на крај со нив.
  8. Кога имам проблем, можам да пронајдам неколку алтернативи за негово решение.
  9. Кога сум во неприлики можам да пронајдам добро решение за да се извлечам од нив.
  10. Можам да излезам на крај со сè што ќе ми се случи.

 

Резултати:

Самоефикасноста  е особина која се однесува на нашето верување дека сме способни да ги совладаме тешкотиите и предизвиците кои се јавуваат пред нас. Соберете ги бодовите од оценувањето на твредењата:

10 – 22 бода

Имате ниско ниво на самоефикасност. Кога се соочувате со тешкотии не сте уверени дека ќе ги решите успешно.

23 – 32 бода

Имате просечно ниво на самоефиасност. Во главно сте уверени дека успешно ќе ги решите тешкотиите со кои се соочувате, но понекогаш се сомневате во тоа.

33 – 40 бодови

Имате високо ниво на самоефикасност. Уверени сте дека можете успешно да се соочите со секоја тешкотија која ќе ви се јави во живот.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.