Траума и посттрауматски стрес

Под поимот „траума“ се подразбира случување кое е различно од вообичаеното искуство на една индивидуа. Психичката траума е повреда на личноста која одговара со силна емоционална реакција по некој настан.

Траума и посттрауматски стрес

Видови трауми:

  • Природни катастрофи (земјотреси, поплави, пожари…)
  • Војна (бегалци, војници)
  • Жртви (криминал, насилство, сексуален напад, сообраќајна несреќа…)

Освен трауматските реакции кои се јавуваат за време на настанот или непосредно по него, личноста може да доживее и посттрауматски стрес кој е поврзан со сеќавањето на траумата (повторно доживување на настанот). Трауматските сеќавања се јавуваат ненадејно во будна состојба или во вид на непријатни кошмари.

Психотерапијата помага да се намали психолошкото страдање, тензијата и личностите да дојдат до сознанието дека не се сами. Од психотераписките методи најчесто се користат:

  • Когнитивно – бихејвиоралната психотерапија која помага при анксиозноста, стравот, учење нови стратегии за совладување, самосугестија…
  • Психодинамски ориентирана психотерапија која низ односот терапевт – клиент овозможува повторно минување низ трауматското искуство, поставување нови животни искуства и решавање на интерперсоналните проблеми.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.