Третина од луѓето се „сплеткале“ со некој од своите пријатели, 13% зажалиле

Луѓето се почесто ја бараат љубовта во својот близок круг на пријатели, со тоа што мажите почесто го прават тоа во споредба со жените. Таквата врска за еден од пет луѓе не завршува најдобро.

Третина од луѓето се „сплеткале“ со некој од своите пријатели, 13% зажалиле

Третина луѓе во некој период од својот живот негувале некакви романтични чувства спрема некој свој пријател, покажала една студија на порталот за запознавање Match.com. Речиси 38% од мажите ги мачел овој проблем, кај жените кај нив тој процент бил – 29% од нив. Околу 38% од овие луѓе отишле чекор понапред и се „сплеткале“ со некој свој пријател, додека 10% од нив потврдиле дека тоа го направиле со повеќе од еден пријател. Еден од 10 такви луѓе дури се нашле и во љубовен триаголник со своите пријатели.

Луѓето сè почесто ја бараат љубовта во својот круг на познаници и пријатели, па речиси 40% од нив на возраст помеѓу 25 и 34 години излегле со пријател. Четвртина од нив и спиеле со некој пријател. Најчесто таквите ситуации се случувале под дејство на алкохол. Таквата врска за еден од пет не завршила најдобро, а 13% од луѓето зажалиле што се сплеткале со некој свој пријател, потврдило истражувањето.

Експертот за врски Kate Taylor вели:

„Љубовта и пријателството може да бидат една иста работа. Ако се дружите, дури и кога излегувате со вашите пријатели веројатноста да запознаете некој нов е намалена. Поголемата група може да ги застраши потенцијалните партнери, па затоа тие може да се откажат од освојувањето.

Иако може со вашите пријатели да делите исти цели или имате иста амбиција, не значи дека би имале и успешна врска доколку би се случило да се „сплеткате“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.