Улогата и местото на психологијата во системот на образование и воспитание

Современиот систем на образование и воспитание не може да се замисли без улогата на психологијата. Уште со првите почетоци на психологијата во античка Грција постојат обиди за нејзина примена во воспитанието и образованието, а подоцна во текот на целиот свој развој психологијата била поврзана со процесите на образование и воспитание.

Улогата и местото на психологијата во системот на образование и воспитание

Меѓутоа и покрај постојаната тенденција на поврзување на психологијата со воспитно-образовниот процес до поголема примена на психолошките знаења во педагошката пракса воопшто, а посебно во наставата доаѓа со појавата на педагошката психологија во почетокот на 20-от век. Улогата на психологијата е преку истражувања на педагошко-психолошки проблеми како когнитивниот развој на децата, структурата на мислење на поедини возрасти, општите интелектуални и посебни способности, истражувањата на методите и техниките на учење, работните навики, програмираното учење, евалуација на наставните програми, методите и целите на наставата и други психолошки проблеми да се создаде солидна подлога за усогласување на наставните планови и програми, наставните методи, наставните средства и учебници со способностите на учениците од одредена возраст како и решавање на широкиот спектар на образовни и наставни проблеми односно унапредување на воспитно-образовниот процес.

 

Извадок од: Методика на настава по психологија – Ѓорѓина Ќимова




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.