Ултиматум игра

Некогаш игрите може многу да ни кажат за човековата природа, друг пат тие се само игри.

Една игра која некои економисти и психолози тврдат дека има многу што да не научи се вика Ултиматум игра.

Ултиматум игра

Играта е многу едноставна. Се игра помеѓу двајца кои треба да одлучат како да поделат определена сума на пари. Да речеме 100 долари.

Еден од двајцата е случајно избран да направи понуда кон другиот за тоа како да ја поделат сумата помеѓу нив. Ако другата страна прифати тогаш ги делат парите по таа основа. Но, ако другата страна ја отфрли понудата, никој не добива ништо.

Толку е играта.

Причината зашто некои економисти и психолози се возбудуваат околу играта е затоа што е интересно да се види како луѓето се однесуваат кога ја играат оваа игра. Она што се открило е дека многу луѓе ја прават следната понуда некаде помеѓу 40% и 50%. Генерално земено ако се направи понуда под 30% таа ќе биде отфрлена во поголемиот дел од случаите.

Оваа игра ни покажува дека луѓето се економски нерационални. Зашто луѓето одбиваат понуда од 25% од вкупната сума? Ако сумата е 100 евра тие избираат да добијат 25 долари или ништо. Па зашто тие избираат ништо?

Одговорот е дека луѓето ја разбираат понудата под 30% како навредлива. Навредливо е ако другата страна сугерира таква смешна сума, дури и кога парите се гратис. Така да луѓето повеќе преферираат да добијат ништо и со тоа да ја казнат другата страна која што е алчна според нив. И запомнете дека другата страна губи 75 долари, додека вие губите само 25 долари.

Економистите забораваат дека е игра со една понуда. Не е важно дали сте вие фер или не. Сè што треба да направите е да се договорите за најмалата сума која што ќе биде прифатена.

Така што, она што оваа игра не учи е тоа дека повеќето луѓе се фер или сакаат да бидат видени од другата страна како фер играчи. Било какво не фер однесување ќе биде казнето од другата страна со неприфаќање на понудата.

Само економист ќе се објаснува дека ова е пример за човековата нерационалност. Да се однесувате фер или да изгледате така е високо рангирана особина во општеството во кое треба да работиме заедно. Измамниците како што тие велат, не просперираат.

Дали оваа игра ни кажува нешто важно поврзано со човековата природа или е само дополнител доказ за тоа колку е тешко да се моделира човековото однесување?

Оптимистите ќе кажат дека оваа игра ни покажува дека луѓето се чесни и правични или бар сакаат да изгледаат така.

Песимистите ќе ни кажат дека луѓето се себични, бидејќи тие треба да пресудат, свесно или не во врска со тоа која понуда ќе биде прифатена. Запомнете дека е во интерес на понудувачот понудата да биде прифатена или тој нема да земе ништо од парите.

Она што вистински ни покажува играта е тоа колку многу психолошки работи може да се извадат од нешто толку едноставно, како што е самата игра.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.