Уметноста на Психотерапијата

Психотерапијата, како метод, претставува еден од патиштата до личниот развој кој и’ помага на личноста да се осознае, да се развива и еволуира, да ги надмине старите трауми и непродуктивни шеми на однесување, преку ширење на свесноста, прифаќање и воспоставување нови и подобри начини на функционирање.

Психотерапијата се изучува како посебна гранка во психологијата, која (иако има бројни обиди за научно истражување и утврдување на нејзините позитивни влијанија) можеме да кажеме дека на некој начин, поблиска е до уметноста отколку до позитивната наука. Станува збор за збир вештини, техники и знаења, поврзано со реедукација на личноста, занимавајќи се со човековите искуства, мисли, верувања, вредности, чувства и однесувања… како и начинот на кој тие ја ограничуваат, спречуваат или и’ овозможуваат да расте и да се развива.

Наменета е за лица кои се соочуваат со тешкотии и проблеми кои ги надминуваат нивните капацитети за справување, што значително им влијае на нивното секојдневие, состојба и расположение. Но, исто така, се препорачува за лица кои сакаат подобро да се осознаат себе си, да работат на својата самоактуелизација и да го извлечат максимумот од своите потенцијали, задоволството и квалитетот на живеењето.

Во следното видео имате одлична можност да дознаете што претставува психотерапијата во нејзината основа, како се користи и зошто е толку корисна и значајна за човекот.



Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *